Search for content, post, videos

Плескавици од црвена леќа

 

Потребни состојки за 4 лица :
1 шоља црвена леќа
1 1/2 чаша топла вода
1 коцка за супа од зеленчук.
1/4 шоља свеж сецкан магдонос
3 чешниња лук смелен
1 голема главица кромид ситно смелен
1 лажица ким
1 лажица црвен пипер
пченкарно брашно и зејтин колку што е потребно

Начин на приготвување:
Леќата се вари заедно со коцката супа од зеленчук во вода. Леќата кога ја апсорбира целата вода значи е готова.Кога леќата е целосно сваренаи релативно изладена додадете го магдоносот, лукот кромидот и другите зачини. Ако смесата е со вода, додадете пченкарно брашно за да се згусне. Смесата ја обликувате во форма на плескавици кои потоа ги печете во рерна или ги пржите во тава.Се сервира исто како обична плескавица