Search for content, post, videos

ПОДАРОК ЗА НЕА, од него

Накит
Статистиката покажува дека продажбата на накит во време на новогодишните и божиќните празници расте приближно двојно. Велат, таквиот подарок е идеален доколку сакате да оставите убав впечаток кај жената што ви значи во животот. Особено ако накитот е рачна изработка. Ако имате вешти раце, можете да го направите и самиот. Накитот на фотографијата (дело на авторот на овие редови), може да ви послужи како идеја. Белезицата е изработена од срма, украсена со тиркиз, мачкино око, со проѕирни и кристали во млечно бела и тиркизна боја. Можете да додадете тантела, свилена или кадифена лента. И спакувајте го во кутија која ќе ја изработите самиот.

Шолја за кафе
Секоја жена која барем еднаш во денот пие кафе сака да ужива во малиот ритуал. Посебно во времето на празниците. Ако се избере вистинскиот изглед на шолјата, церемонијата на уживање во кафето ќе биде целосна. Доколку одберете шолја за кафе од германската марка Villeroy & Boch сигурно нема да згрешите. Ја има и кај нас. Двесте шеесет и четиригодишната традиција во изработката на порцелан е гаранција за врвен квалитет. Дополнителна вредност дава и рачното сликање. Нови се шолјите за кафе инспирирани од Берлин, Лондон, Париз и Рим, со зелено-црни, розово/црвено-црни, сино-црни и жолто-црни шари на бела основа.

Козметика
Во последно време се препорачува козметика исклучиво со органско потекло. Дерматолозите велат дека може да се користи и за лицето и за телото. Секогаш имајте предвид дека надворешниот изглед е одраз на внатрешноста. Компанијата што ја произведува козметичката колекција Др. Хаушка успеа да го искористи сето она што го дава природата и да го примени при производство на козметичките средства. Екстрактите од лековитите растенија, одгледани биодинамички, етеричните масла и восоци, заедно со другите компоненти, кои ја чинат нивната подлога, гарантираат здрава и убава кожа.

Свилена шамија    
Фуларот или карето како што популарно се нарекува свилената шамија е најголемиот камелеон во модата. Се разбира, поради многукратната намена. Едновремено постојат и стотина комбинации на заврзување. Потеклото на шамијата се поврзува со Далечниот Исток, а водечката модна куќа Хермес ја наметнаа како задолжителен украсен детаљ. Сликањето и рабовите се изведуваат рачно. Патем, секоја има своја приказна. Можат да се нарачаат и преку Интернет, но ако се сомневате во таквиот начин на купување или, пак, немате време за чекање, изберете некоја од моделите на CODELLO. Навистина има што да понуди, за сечиј вкус.

 

 

Чантичка
Елеганција се постигнува и со чантичка за вечерни пригоди. Нашиот предлог не значи дека треба да ја изберете баш неа, може да ви биде само инспирација. Секоја жена би посакала таков подарок. Црната боја е најсоодтветна, зашто со неа најмалку може да се погреши. Може да биде од сатен како оваа од Италијанката Aruna Seth. На затворачот има извезено пеперутка со кристали Sfarovski. Ако жената за која е наменета чантичката носи облека за која мислите дека ќе  одговара, подарокот дајте  го пред да заминете на пречекот. ќе биде убаво изненадена, пресреќна, а тоа ќе придонесе за нејзино уште подобро расположение во исчекување на 2021-тата.