Search for content, post, videos

Поинаква и необична

Колку пати сте се доживеале себеси поинаква и необична? Макар само со затворени очи додека сонувате?

Несекојдневниот и послободен, авангарден начин на облекување не ни е непознат, само што сме навикнати најчесто да биде осудуван или да се доживува како нешто што не е за нас, туку за оние кои живеат во некој свој свет на илузии.

 

 

 

 

 

 

Но дали е така? Секако дека не. Слободата во облекувањето, идејата за што понесекојдневно а вкусно парче облека е способност на силните луѓе, оние кои се сигурни во себе и оние кои со широко отворени очи гледаат напред во иднината.

 

 

 

 

 

Од модните писти порачуваат – на прагот на оваа пролет, научете да уживате во разиграната, лелеава вие, во најразновидни бои, облеана со материјали кои го галат телото. И сторете го тоа. Овие прекрасни модели на лелеави фустани од рачно обоена свила се вистинско уметничко дело.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во боите на виножитото, или во боите на одреден цвет заблескајте под зраците на првото сонце. За да го дополните ефектот искомбинирајте со предизвикувачки чевли, во стилот на Вивиен Вествуд и Александер МекКвин – на неверојатна висока платформа, со свемирска форма.
Вистински хит се и штампаните чорапи и хулахопки. Во цветен дизајн или пак со разлеана палета на бои се вистински асесоар на кој нема да можете да му одолеете.

 

 

 

 

 

 

Одберете го вашиот фустан и вистинскиот крој – оваа сезона тоа може да биде или долг или навистина кус, во пластови или слободно пуштен, лелеав како наметка или скржаво доближен до линијата на вашето тело.