Search for content, post, videos

Полнети компири

Подготовка:
Компирите пресечете ги на половина, па извадете им ја срцевината (длабете до околу 1см. од кората). Внатрешноста од компирот ставете ја во посебен сад и испасирајте го со вилушка. Во мал сад ставете го путерот, додајте ги лукот и празот и динстајте ги додека да омекнат. Потоа, спојте ги со испасираните компири. Шунката исечкајте ја на ситни коцкички, па додајте ги во претходно подготвената смеса. На крајот спојте ги со киселата павлака и 6 лажици рендан кашкавал. Додајте сол и бибер по вкус, измешајте убави и со смесата наполнете ги компирите. Ставете ги во тава за печење, па врз нив ставете го останатиот рендан кашкавал. Во тавата ставете 1-2 дл. Вода и вегета. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-30 минути.

Потребно:
4 големи компири со лушпа
1 лажица путер
1 чешне лук
100гр. праз
100гр. шунка
8 лажици рендан кашкавал
1 -1.5дл. кисела павлака
сол
бибер
1-2 дл. вода
половина лажица зачинал