Search for content, post, videos

Посни топчиња

Многу лесни и брзи за правење.

Потребно е:

една коцка омекнат маргарин,4 големи лажици шеќер во прав,1 филџан масло,1 филџан узо или мастика,1 ециво,150 гр.мелени ореви и брашно околу 700-800гр.

Се се меша,се изедначува смесата и се прават топчиња во големина на орев, се редат на хартија за печење во плех и се печат околу 15 минути, на 200 степени, но да останат бледи. Малку се ладат и се валкаат во шеќер во прав.