Search for content, post, videos

Потиснатите емоции – убијци на здравјето?

Секоја емоција има свој орган: поради премногу возбудување страда срцето, грижите се одразуваат на слезината, од постојан страв страдаат бубрезите, а од тага белите дробови. Кога сме под стрес, чувствуваме „грч во желудникот“, кога од тага плачеме се „задушуваме од солзи“, а кога нешто ќе нe преплаши се „тресеме од страв“. Емоциите се тесно врзани со физичкото здравје, а многу болести се предизвикани од потиснување на чувствата.
Секоја состојба во човековиот организам доаѓа од мислите од кои се раѓаат емоциите, а тие делуваат на телото така што ја забрзуваат работата на нервниот систем.
Докажано е дека емоциите како што се страв и депресија во телото предизвикуваат значително различни хемиски реакции од оние кои ги предизвикуваат среќата и задоволството. Сепак, тоа не значи дека доброто здравје подразбира живот во совршени услови – не е толку важно што се случува околу вас колку што е важна вашата реакција на животните случувања, се согласуваат експертите.
Емоциите не можат да се контролираат, но може да се научи како да се прифаќаат истите, да се набљудуваат и да се учи од нив. Тие покажуваат што се случува во вас и затоа е потребно внимателно да ги слушате што имаат да ви кажат. Сепак, емоциите не се единствената причина за болест – некои психолози тврдат дека за развој на болестите во 75% случаи се одговорни присутните емоции, а остатокот отпаѓа на генетиката.
Соочувањето е секогаш најдобро решение
Емоциите се предупредување. Тие се најверен показател за она што се случува во животот на човекот и го покажуваат патот кој треба да се следи. Иако соочувањето може да биде тешко, тоа е сепак најдобро долгорочно решение.
Бегањето води кон канџите на болеста
Игнорирањето или потиснувањето на емоциите предизвикува сериозни заболувања како рак, артритис, но и бројни хронични заболувања. Често се појавува и чувство на депресија кое дополнително го отежнува лекувањето.
Препознавање на системот на убедувања
Емоциите се втемелени на верувањата од детството. Системот на убедувања кој се формира од седмата година на детето одредува како тоа како возрасен човек ќе гледа на светот и ситуациите околу себе. Штом човекот ќе ги сфати и препознае своите убедувања, полесно ќе се соочи со мислите поради кои постојано се врти во маѓепсаниот круг.
Секоја емоција има свој орган
Постојат 7 основни емоции – лутина, среќа, грижа, замисленост, тага, страв и шок, а секоја од нив е поврзана со функционирањето и здравјето на органите. Штом ќе се појави нерамнотежа во работата на органите, тоа е знак дека чувствата почнале да делуваат на здравјето. Сепак, функционираат и во обратна насока. На пример, ако црниот дроб собира премногу токсини, ќе се појави лутина и човекот е без за него позната причина постојано раздразлив. Исто така, лутината ќе предизвика нерамнотежа во функционирањето на црниот дроб и тоа станува маѓепсан круг. Лутината е поврзана со фрустрацијата и бесот, па ако не се соочиме со неа, таа може да биде главен предизвикувач на главоболки, вртоглавици и висок притисок. Луѓето склони на желудечни проблеми, поради лутината страдаат од гастритис или чир на желудникот.
Во „тоа не е важно“ се крие стапица
Соочете се со „безначајните“ повреди бидејќи честопати под знакот „не е толку важно“ се крие токму она што не повредило. Неразрешените проблеми оневозможуваат да тргнете понатаму. Не прејадувајте се ако сте тажна, туку поразговарајте со некого. Обидете се да откриете која е таа емоција во позадината на потребата за прејадување или опивање. Посветете се на решавањето на емоциите наместо да ги лекувате со „компулсивно“ однесување.