Search for content, post, videos

Позитивна во негативен свет

 

Веќе ни стана навика постојано да слушаме критики, негодувања и згрозувања од неправдата во овој расипан свет. Но, вие обидете се да не се фокусирате на тоа. Така само залудно го трошите ветрот во едрата. Не е наша работа да го поправаме целиот свет одеднаш, туку само да посегнеме и да го поправиме оној дел од светот кој ни е на дофат на рацете. И најмалата работа која еден човек може да ја направи за да му помогне на друг, е од големо значење.

Милиони луѓе страдаат од пренагласен стрес, проблеми, главоболки. Оставаат  впечаток како никогаш да не успеваат ништо во животот. Лошите денови ги заменуваат со уште полоши. Окружени се со постојан стрес, недостаток на радост, неуспешни врски. Постојано се опседнати со грижи , бесот им ги уништува пријателствата, а животот им делува бесмислен,

здодевен и суров. Дали било што од ова ви делува познато­ ­?Дури и ако сепак сте се пронашле во нешто од сето ова, не се обесхрабрувајте. Решение постои. Тајната е во следново: 10 % од животот се состои од она што нам ни се случува, а 90 % од начинот на кој реагираме на тоа. И навистина ние немаме контрола врз она што ни се случува. На пример, не може да спречиме автомобилот да се расипе. Автобусот може да доцни и да ни го поремети целиот наш дневен распоред. Гужвата во сообраќајот може да направи да задоцните на некое интервју за вработување и да ја изгубите шансата која долго сте ја чекале. Но сепак немате контрола врз тие 10%. Другите 90% се поинакви. Вие одлучувате какви ќе бидат тие 90% од вашиот живот. Не можете да го контролирате сообраќајот, но можете да ги контролирате вашите реакции. Затоа ако некој каже нешто лошо за вас, не се претворајте во сунгер. Не го впивајте негативниот коментар во себе. Реагирајте правилно и тоа нема да ви го уништи денот. Погрешната реакција може да направи да изгубите пријател, да добиете отказ, да се извадите од такт. Како реагирате ако заглавите во сообраќајот? Дали се вадите од такт? Мавате по воланот? Врескате по се наоколу? Сватете дека залудно ви е сето тоа. Како реагирате кога дознавате дека сте ја загубиле работата? Не губете го сонот или здравјето заради тоа. Искористете ја енергијата и времето кое би го потрошиле во грижење за да најдете друга работа.

Не може секој да остане добро расположен, оптимист и полн со енергија цело време. Секому му се случува повремено да му опадне расположението, изгледот и нивото на енергијата, Тоа е нормално, Сепак има луѓе кои подолго умеат да го одржат нивото “горе”. Искористете ги нивните примери.

Правете го она што го сакате. Веројатно и сега го сакате она што го правите – другарувањето, предизвиците, напредувањето. Најдете време за она што го сакате.

Бидете горда со она што го правите. Дури и ако започнува на дното на скалата, правете ја работата со гордост и професионализам. Совршеноста е сама по себе награда, а и другите ќе ја забележат. Кога сте горда на она што го работите, без разлика на видот на работата, тоа ја зголемува вашата самопочит, компетентност и чувство на контрола врз вашиот живот и работа. А тоа секако води до напредување.

Предизвикувајте се самата себе со постојано подобрување. Поставете си реални цели кои се остварливи во краток временски период.

Наградете се самата себе за успесите, но и за неуспесите.

Избегнувајте да гледате, слушате или читате сензационални вести на денот.

Наместо тоа, самата одберете ги темите кои сакате да ги прочитатево дневните весници или списанија. Нека бидат тоа приказни за личности кои направиле нешто добро во животот, позитивни примери, научно технолошки достигнувања и слични убави примери. Избегнувајте криминални приказни, разорувања, несреќи, предвидување на лоша судбина.

Започнете го секој ден со смирени мисли, исполнети со благодарност за животот, здравјето, семејството, пријателите. Бидете релаксирана, опуштена, понекогаш доволни се само неколку минути за да почувствувате смиреност, понекогаш повеќе, но битно е денот да го започнете со мир во душата. Ако е потребно прочитајте некоја инспиративна поема, краток расказ, статија. Пуштете музика соодветна на вашето моментално расположение, секако вкусот може да варира од Моцарт до Енија или Ролинг Стонси. Важно е музиката да ве поттикне, мотивира, орасположи.

Или започнете го денот со вежби во траење од 20-30 минути. Може едноставно да танцувате на музиката која ја слушате, најдобро на слушалки за да не ги разбудите другите, или одете на брза прошетка во околината. Ќе се изненадите колку сите овие активности од музиката до телесното раздвижување, ќе придонесат за вашиот позитивен однос.

Сфатете дека за сопствениот живот и кариера одговорна сте само и исклучиво, вие самата. Вие сте единствената личност која може да ја обликува вашата иднина. И не заборавајте дека мали, позитивни чекори водат до големи достигнувања.

Позитивниот став во животот е прашање на избот. Избор кој го донесуваме секој ден, во било кое време или ситуација. Колку почесто ги правите овие нешта толку полесно ќе ви биде.

Започнете да ја практикувате тајната 90-10 во вашиот живот и ќе се изненадите од среќата која ќе ја создаде во вашиот живот .