Search for content, post, videos

Пред новиот предизвик

“Сакај ги малите нешта, радувај се на ситни и секојдневни работи, дарувај ги и истите примај ги со восхит, а притоа остани доследен да го носиш епитетот човек не е ни малку едноставна работа! Но сепак сакај ги малите нешта! Доколку е доволно веродостојно би ти рекла само Ти благодарам драга Комплетна! Затоа што благодарение на тебе истовремено научив колку пораснав, сакај ги тие исти мали работи, кои до вчера може-би не ни насетував дека постојат.
Секогаш бев себична кон себе, не знаев како да се почитувам, скоро секогаш бев незадоволна од себеси, а уште повеќе ги почитував другите. Бегав во светот на буквите и зборовите секогаш кога немав или барем не гледав друг излез, зашто само таму се чувствував некако заштитено, некако комплетно. Со месеци се измачував себеси дали да ви пратам нешто кое јас сум го создала, во тие исти пребежја кога сум бегала од проблемите, истовремено бегајќи од себе?! Не стравував дали ќе
ми ги објавите, повеќе ме загрижуваше дали се доволно добри и зошто не се, што би им недостасувало, што би помислиле вие, и редум прашања и дилеми кои ме сопнуваа секогаш кога сакав да седнам пред компјутерот. И еве ме сега, полна со елан и самодоверба, подготвена да дадам многу повеќе отколку да земам било што. Би делувало скептично ако кажам дека не сакам еден ден да си го видам сопственото име и на кориците во некоја библиотека, но една реченица која посебно ми привлече внимание во последниот
број на вашето списание е дека “Можеби сега сепак не е вистинскиот момент, можеби ова е сепак само уште едно мое прашање на кое не му е дојдено време за одговарање! А време, фала богу, секогаш имаме на располагање”.
Кога нешто сакаш, никогаш не е доцна и не е вистина дека не можеш. Треба само да сакаш, многу и повеќе од тоа, и никогаш да не престанеш да се обидуваш и да го правиш тоа.
Ова е мотото кое секогаш ме води чекор по чекор во секој нов ден, пред секој и најмал предизвик, реченица која постојано им ја кажувам на сите околу мене. А тоа го правам само затоа што се уверив дека тоа е навистина така во животот.

Оле Ивановска