Search for content, post, videos

Превенција и сузбивање на зависности

Фондацијата “Никола Кљусев“ од Скопје, во соработка и со поддршка на Град Скопје, оваа година го спроведе проектот насловен како “Превенција и сузбивање на зависности“, во средните училишта на Град Скопје. Обуките се одржаа во средината на месец ноември, месец на борбата против зависностите. Обуките беа  интерактивни и наменети за наставниците, психолозите и педагозите од средните училишта на Град Скопје. Обуките ги спроведе Др. Људмил Кљусев – психијатар специјалист за детска и адолесцентна психијатрија. Главна цел на овој проект е да им се помогне на стручните служби и наставниците во средите училишта да можат да ги препознаат зависностите во најраната фаза, да знаат кои мерки да ги преземат да се спречи негово ширење и навремено да реагираат.