Search for content, post, videos

Прифатете се себе си во огледалото

Луѓето кои се сакаат себеси и своето тело, зрачат со самодоверба и ги привлекуваат другите како магнет… Иако звучи како клише, изјавата “сакајте се себеси па ќе ве сакаат и другите” е навистина вистинита. Луѓето кои се сакаат себе и своето тело зрачат со самодоверба и ги привлекуваат другите како магнет. Ако сте пак личност склона на критика и пронаоѓање мани, мала е можноста дека ќе можете да чекорите со крената глава и со насмевка на лицето, а токму преку вашиот однос кон себеси ќе ја ценат и други луѓе. Она што го чувствувате кон своето тело е одраз на емотивната и духовна состојба. Постои секако и можност да бидете конкетно незадоволна од некои делови на телото на кои треба да поработите. Пред се, потрудете се да размислувате позитивно и малку по малку да го менувате својот став.
И покрај сета медиумска прашина која се крева и очигледното величење на совршените женски облини, телото со просечна големина и градбата не е ништо помалку убаво. Обидете се да престанете да се споредувате со останатите луѓе. Полесно е да чувствувате среќа и задоволство кога знаете дека се претставувате најдобро што можете, а тоа навистина не мора да бара премногу труд. Нашминкајте се малку посилно од вообичаено, потрошете малку пари за навистина убава фризура и облечете се така да ги нагласите своите квалитети. Престанете да мислите дека кога ќе ги смалите килограмите, ќе направите “нови гради” или ќе тргнете на фитнес, се ќе биде подобро. Ако продолжите така да размислувате, секогаш нагласувајќи ги своите мани, тешко дека ќе го прифатите своето тело. Таквото поставување на работите ќе ве однесе само во незадоволство.
Би можеле да останете заробена во лавиринтот на животот. Наместо да се обидувате да ја сокриете својата различност, претворете ја во предност. Откријте што ве разликува од другите и прифатете го фактот дека по тоа сте посебна и единствена. Па што ако имате поголеми стапала, тенки усни или дебели веѓи? Алтернативата е – нагласете ги деловите на себе со кои сте задоволна. Ако низ животот чекорите со наведната глава и спуштени раменици, праќате порака на незадоволство.
Наместо тоа, чекорете со високо крената глава, исправете ги рамениците и вовлечете го стомакот.
Таквиот став може да ви додаде неколку сантиметри. Доволно спијте, вежбајте и движете се. Додека вежбате го излачувате хормонот на среќата – ендорфин, па ќе бидете позадоволна и психички постабилна.

КРЕАТИВНИ ЗАМЕНИ НА НЕКОИ КОЗМЕТИЧКИ ПРОИЗВОДИ
Кога се дотерувате, понекогаш треба да ја вклучите и својата фантазија, својата умешност да бидете креативна. Особено ако ова е еден од оние денови кога во несесерот сте заборавиле да си го ставите оној козметички производ кој најмногу ви треба. И кога ќе се најдете во таква или слична ситуација, ќе ви се потроши руменилото или некое друго парче од вашата козметичка палета, тогаш треба да употребите некој заменски производ. Еве ви мала помош за некои од нив:
1. Немате крема за негување на кожичката околу ноктите? Употребете маслиново масло или балзам за усни.
2. Ако сте ја заборавиле маскарата дома, употребете го тушот како замена. Поминете со четкичката преку трепките, движејќи ја од долу нагоре. Четкичката држете ја во водорамна положба. Вишокот отстранете го со памук или шамивче.

3 .Си го заборавивте тушот за очи? Нанесете малку маскара на врвот на апликаторот за сенка или на стапче за уши и лесно тапкајќи преминете над горната линија на трепките на горниот капак.
4.  Било каков хидрантен крем за лице, крем за делот околу очите или некоја друг крем
кој го користите за кожата со цел да ја навлажните, можете да ја користите како крем за стапалата или рацете. Но никако не го правете спротивното. Кремите за раце или стапала нанесени на лицето ќе ви ги затнат порите.
5. Морате да ја поправите грешката предизвикана со средството за самопотемнување? Искористете ја темната течна пудра со која ќе ги покриете непријатните темни дамки.
6. Ако ви се потрошила сенката за очи, и во моментот не можете да најдете друга, искористете ја пудрата за веѓи или руменилото за образи како замена.
7. Имате кармин, но немате руменило? Ставете малку кармин на дланките, загрејте го со здивот, а потоа внимателно нанесете го на јаболчниците.
8.  Ако останавте без тоник, лимонов сок во комбинација со шеќер или мед ги отстранува дамките на кожата и делува како природен тоник и избелувач на кожата.
9. Ако имате ретки веѓи, а ви се потрошила пудрата за веѓи, нанесете малку кафеава сенка за очи.
10.  Во недостаток на кармин или сјај за усни, употребете го крем руменилото за образи.

11. Регенераторот за коса може да биде совршена замена за пената или гелот за депилација за да ги избричите нозете.

12. Малку регенератор ќе ви помогне за да го спречите создавањето на статичкиот електрицитет и скротување на раштрканите влакна на косата.

13.Си го заборавивте коректорот? Измешајте  малку камена пудра со хидрантниот крем. Ова ќе ви послужи како совршена замена за коректорот.
14. Ако редовно се капете и релаксирате со сол за капење, а токму тој ден забележувате дека ви е целосно потрошена, тогаш употребете малку сода бикарбона и морска сол кои ќе ги додадете во водата заедно со вашиот омилен гел за капење или неколку капки етерично масло.