Search for content, post, videos

Проект DiGiGo

Во просториите на фондацијата „Никола Кљусев“ во Скопје   се одржа конференцијата “Пракса во ера на дигитализација” на која беа претставени резултатите од проектот Digigo. Претставници од стручни училишта и компании се запознаа со начинот на поврзување на учениците и компаниите со цел подобро реализирање на праксата. Исто така сите учесници се поврзаа на платформата со насоки за дигитализација на праксата за учениците. Средното училиште САБА во изминативе две години го спроведуваше проектот DiGiGo заедно со организации од Франција, Малта, Португалија, Холандија и Грција. Преку овој проект успешно беа обезбедени работни места за реализирање на пракса на многу ученици од сите држави партнери во проекот.