Search for content, post, videos

Проект НЕ за насилство

Фондацијата “Никола Кљусев“ од Скопје, во соработка и со поддршка на Општина Центар – Скопје, оваа година го спроведе проектот насловен како “НЕ за насилството“, за справување и спречување на насилството меѓу учениците во основните училишта на Општина Центар.

Агресијата, насилството и нетрпението, а и сè почестата употреба на сајбернасилството меѓу младите е еден од најголемите и најсериозни проблеми со кои се соочуваме денес.

Токму во таа насока е замислен и проектот „НЕ за насилството“. Говорот на омраза е секаде присутен, особено денес во ова време на брза комуникација и активно учество на младите на социјалните мрежи. После домот и родителите, училиштето е второ место каде што младите работат на својот развој, активно учествуваат, разменуваат мислења и меѓусебно се надополнуваат и развиваат.

Обуките беа интерактивни и наменети за наставниците, психолозите и педагозите од основните училишта на Oпштина Центар.