Search for content, post, videos

Пудра и сода бикарбона против непријатните мириси

Претераното потење на стапалата, особено ако се носат обувки од вештачка кожа, со постава или синтетика, како и синтетички чорапи, на многумина во текот на зимата им претставува преголем проблем. Во борбата против непријатниот мирис на нозете најважно е да се сменат обувките и да се носат такви изработени од природни материјали. Исто така, пожелно е да имате повеќе пара сезонски обувки, бидејќи ако секој ден носите исти чизми или чевли, кои не стигнуваат да се исушат од влагата, дури и во оние изработени од чиста кожа набрзо ќе се појави непријатен мирис. Освен тоа, треба и да ја засилите негата на стапалата, да носите исклучиво памучни чорапи, да користите пудра или комбинација од одредени хемиски и растителни препарати. Некои можете да ги подготвите и самите:
Лимон и сода бикарбона

Измешајте 1/4 шолја сода бикарбона, 8 шолјички вода и сок од 1 лимон. Оваа смеса додајте ја на топлата купка и во неа потопувајте ги стапалата 15-20 минути.

 

Пудра

Ова е еден од најефикасните и најевтини препарати за непријатниот мирис на нозете кој помага стапалата да се исушат. Ефикасно го смалува потењето на нозете во подолг временски период и целосно ја искоренува миризбата ако се користи редовно. Посипете ги нозете со талк секојпат пред да обуете чизми или чевли.

Оцет

Измешајте 2 лажици јаболков оцет со млака вода и во овој раствор потопувајте ги нозете 15-20 минути. Потоа исплакнете ги нозете со сапун и вода и не заборавајте темелно да ги исушите. По неколку дена со овој третман непријатната миризба целосно ќе исчезне.

 

Рузмарин и жалфија

Ставете лажичка сушен рузмарин и половина лажичка сушена жалфија па прелијте со жешка вода. Оставете водата малку да остине а потоа потопете ги стапалата во неа и седете така половина час. Ова правете го двапати дневно.

 

Црн чај

Танинската киселина од црниот чај помага во искоренувањето на бактериите и ги затвора порите, што доведува до смалено потење, со што се спречува настанокот на непријатниот мирис на стапалата. Сварете две кесички црн чај во 2-3 шолји вода. Сварениот чај додајте го во леген со топла вода. Потопете ги стапалата во водата и држете ги така 15-20 минути а потоа убаво исушете ги.