Search for content, post, videos

Растенија кои ќе ви ја унапредат кариерата

Најбрз пат кон успехот е во своето работно окружување да внесете растенија. Зеленото окружување е многу важно во работниот простор.

Погледнете кои пет растенија совршено се вклопуваат во секоја канцеларија.

 

Сансеверија, или позната уште како Афричко копје или Индијанско перо е многу отпорно растение, па со тоа и совршен избор ако немате многу искуство во одгледување на растенија. На ова растение не му смета сувиот воздух и малку сончева светлост или ако поради многу работни обврски заборавите да ја полеете со вода.

 

Замијата припаѓа на растенија на кои не им треба голема грижа. Замијата е многу популарно собно растение. Идеална е за работни простории, бидејки според фенгшуи, замијата го активира полето на среќа и пари и ја собира негативната енергија. Грижата за замијата не преставува захтевна работа, бидејќи и е доволна основна нега. Потребно е полевање еднаш во месецот.

 

Красулата или Јапонско дрво на парите е многу популарен избор за растение за канцеларија. Како што и самото име кажува, присуството на ова растение навдодно ги привлекува парите. Постојат објаснувања дека листовите на ова растение содржат етерички масла кои ги зголемуваат менталната и физичката будност на луѓето и ги активираат неговите умнствени и физички способности, па на тој начин се постигнуваат подобри резултати и поголма заработувачка.

 

Потос – ова растение е во сродство со филадендронот. Се одгледува многу лесно и убаво го поднесува сувиот воздух. Толерира и послаба светлост, а ќе ве награди со брзо раст, ако го полевате од време на време.

 

Кактус – Неговата популарност ја долгува како на необичниот изглед, така и на својата отпорност.  Ова растение не бара многу внимание. Бара светло место, но не и директно изложеност на сонце. Полевањето е потребно еднаш месечно.

 

Присуството на растенија во канцелариите ја подобрува креативноста, продуктивноста и расположението. Зеленилото ќе го разубави просторот, ќе го прочисти воздухот, а познато е и дека го намалува стресот.

Силвана Јованчева