Search for content, post, videos

Индиски сладолед од малини

Подготовка
Ставете ги малините во цедалка и испасирајте ги за да добиете сок без семчиња. Во сокот додајте ги кондензираното млеко и 2-3 капки екстракт од ванила, па добро изматете го. Во посебен сад матете ја павлаката која не смее да згусне премногу. Потоа, додајте ги малините. Изматете уште еднаш, па готовата смеса оставете ја во замрзнувач барем осум часа пред да го послужите сладоледот. Украсете го со свежи малини.
150гр свежи малини
150мл кондензирано млеко
2-3 капки екстракт од ванила
75мл слатка павлака