Search for content, post, videos

Ледени коцки од праски

Потребни состојки:

(за желето од праски)
1 литар вода
10 лажици шеќер
½ кг праски
2 пудинга од ванила
за кремот:
3дл хопла
4 лажици шеќер
1 кесичка ваниллин шеќер
1 кесичка желатин
едно пакетче бисквити

Подготовка: Од литрото вода одделете онолку лажици колку што ви се потребни за да го подготвите пудингот. Потоа водата ставете ја во тенџере заедно со шеќерот да зоврие. Кога ќе зоврие додајте ги претходно измиените и излупени праски исечете ги на парченца. Варете ги кратко, а потоа додајте го и разматениот прашок за пудинг со водата што ја одвоивте. Мешајте додека не се згусне. Тргнете на страна и оставете да остине. Изматете ја хоплата и во неа додајте го желатинот. Во четириаголна тава наредете еден ред бисквити (по желба можете да ставите два реда еден врз друг) па врз нив истурете го с# уште жешкиот крем од праски. Врз тоа повторно наредете бисквити и одозгора изладената хопла. Ставете во фрижидер да остине. Остинатиот колач исечете го на коцки и послужете. По желба колачот можете да го правите и со кајсии.