Search for content, post, videos

Лесна торта со сирење и малини

Подготовка
За да го подготвите тестото, искршете ги бисквитите, додајте ги лешниците и путерот кој ќе го растопите. Замесете ја смесата и кога ќе добиете компактна смеса распоредете ја на дното на калапот за торта. Тестото ставете го во фрижидер и оставете да отстои околу половина час. Во еден сад стопете го шеќерот со две лажици вода, додајте неколку капки арома од ванила и желатинот кој претходно сте го подготвиле според упатството на кесичката. Сирењето исцедете го од вишокот течност, внатре ставете ја смесата од желатинот со шеќер, измешајте убаво и на крајот ставете ја слатката павлака. Кога ќе ја соедините целата смеса, ставете ја врз бисквит-тестото, врз кое претходно сте ставиле свежи малини (или сезонско овошје). Оставете го колачот во фрижидер уште еден час. Во меѓувреме подгответе го преливот – во сад ставете ги малините и шеќерот (околу 5 лажици), околу 50мл вода и оставете да проврие додека да згусне.

Потребно:
За тестото:
200гр бисквити
100гр мелени пржени лешници
150гр путер
Фил:
500гр свежо кравјо сирење
300мл слатка павлака
100гр шеќер
неколку капки арома од ванила
кесичка мелен желатин
Прелив:
200гр малини (или сезонско овошје)
шеќер
Вода