Search for content, post, videos

Мароканска салата

Подготовка: Пилешкото месо убаво измијте го, а потоа исечете на коцкички. Загрејте го маслото во тава и ставете ги коцкичките месо да се пропржат. Потоа тавата со месото тргнете ја од оган и додајте зачини, кари и малку вода, па вратете на оган и динстајте уште 15-20 минути на тивко. Кога ќе омекне месото оставете го да остине во тавата во која го подготвувате. Зачинот кус кус прелијте го со зовриена солена вода во подлабок сад, и оставете да отстои 10-15 минути. На подготвениот кус кус додајте ги свежо изренданите моркови, ситно исечканиот корен од целер, кромитчињата исечкани на лентички, малите патлиџанчиња исечкани на четвртинки и на крајот изладеното пилешко месо. Прелијте со маслиново масло и сокот од лимон и сe заедно лесно измешајте. На крајот посипете со грубо мелени лешници. По потреба ако сакате додајте сол и црн пипер.


Потребно:
400гр пилешко филе
4 лажици масло
2 лажици кари
1 лажица зачини
100гр кус кус
350мл вода
100гр моркови
80 гр корен од целер
2-3 млади кромитчиња
150гр чери домати
сол, црн пипер
за преливот:
30мл маслиново масло
1-2 лажици сок од лимон
за посипување:
70гр потпечени лешници