Search for content, post, videos

Солени мафини во пршута и тиквички

Подготовка:
Тиквичките исечкајте ги на тенки ленти па малку пржете ги на загреано маслиново масло (2 лажици) за да омекнат. Во калапите за мафини ставете две ленти тиквички (вкрстени), а преку нив едно тенко парче пршута. Во длабок сад ставете ги брашното, зачиналот и прашокот за пециво. Во друг сад изматете ги јајцата и јогуртот, додајте го остатокот од маслиново масло и исечканите суви домати, па смесата спојте ја со брашното. Убаво изматете за да добиете глатка смеса, па полијте ги тиквичките наредени во калапите. Врз секоја од нив ставете по една лажица рендан кашкавал и малку магдонос. Печете ги околу 25 минути во загреана рерна на 180 степени. Послужете ги топли.

 

Потребно (за 4 лица):
350гр тиквички
6 лажици маслиново масло
60гр пршута
180гр пченкарно брашно
1 лажица зачинал
2 лажици прашок за пециво
2 јајца
100мл јогурт
60гр сушени домати во масло
100гр кашкавал
Малку магдонос