Search for content, post, videos

Родени за уживање – но како ?

  1. Бидете гламурозна. Купете најмалку едно “парталче” во некој ексклузивен бутик или поминете барем еден час во салон за убавина.  Постојат многу работи кои можат да го подобрат вашиот стил, сексуален живот или самодоверба. Се што треба да направите  е да се придржувате до неколку едноставни правила. Не заборавајте дека се раѓаме за да уживаме, а уживањето се учи како и се останато…

 

 2. Доста ги гледате холивудските шармери на кино екраните. Гледајте претстава во театар. Ни нашите актери
не се без шарм!

       3. Предвидете што ќе ви се случува во годината која доаѓа. Консултирајте астролог, или некој веб сајт кој ќе
ви помогне да го изработите својот хороскоп. Но, не верувајте слепо во се што пишува таму.
4. Медитирајте, секој ден, по неколку минути. Така ќе го намалите стресот.
5. Поканете го на состанок мажот од вашите соништа. Ако не е во врска, сигурно ќе прифати со задоволство.
6. Запишете се на курс за стомачен танц. Тоа сигурно ќе го подобри вашиот сексуален живот и ќе ви ја зголеми
самодовербата.
7. Додека водите љубов, замете здив и кажете му што сакате навистина.
8. Купете си вибратор!
9. Секоја недела самата на себе подарете си по еден убав букет.
10. Уплатете си летување. Сама! Одлична можност да запознаете интересен маж.
11. Релаксирајте се. Повикајте масер, дома!
12. Преуредете го домот!
13. Пробајте го и ова – сконете со падобран, барем еднаш!
14. Ако сте згрешиле некому, пратете му цвеќе или бонбониера! Тоа ќе ја намали гри‘ата на совеста која ја
чувствувате.
15. Заедно со некоја пријателка одете на машки стриптиз.
16. Купете си интересна долна облека. Потоа, само за свое задоволство, облечете ја додека сте на работа.
17. Разгалете се, купувајќи си обетки или нов пар чевли.
18. Цел еден ден снимајте се со камера. Ако немате камера, земете го фотоапаратот и сликајте се за спомен.
19. Повторно бидете тинејџерка. Купете перика во боја сосема спротивна од бојата на вашата коса. Намачкајте
ги ноктите со “дречлив” лак и облечете урнебесно високи потпетици.
20. Повикајте ги пријателките на “плачетон”. Изнајмете тажни филмови, купете хартиени шамивчиња и пуканки.
Се разбира, заради можните солзи, пристапот за мажи таа вечер е строго забранет.
21. Пробајте да ја откриете својата уметничка страна. Потребни ви се блок за цртање и боички (водени, темперни,
дрвени, мрсни…).
22. Грижете се за своите нокти. Од време на време отидете на маникир.
23. Откријте му ги своите гледишта на светот. Јавете се во некоја радио емисија и дискутирајте на темата, дури
и да е без врска.
24. Водете љубов на необично место (интересно место не значи канцеларија).
25. Запознајте се себеси. Исклучете ги телефонската секретарка, мобилниот телефон, телевизорот. Читајте,
размислувајте, капете се во када полна со сапуница.
26. Приредете забава! Сама.
27. Додајте личен печат на работното место. Закачете фотографија, ставете саксија со вашето омилено растение
покрај работната маса.
28. Приредете забава, повикајте многу гости. Но, целата организација препуштете му ја на некој друг.
29. Прошетајте ги кучето, мачето…
30. Купете си шампањско. Од најскапото!
31. Шетајте се дома во влечки со “пуфки”, колку и да ви изгледа смешно!
32. Посетете ја Италија. Карневалот во Венеција е одлична причина за тоа.
33. Исчистете ги отровите од своето тело. Барем неколку дена избегнувајте мрснотии и леб. Јадете само овошје и зеленчук.
34. Замолете го НЕГО да ви биде роб на задоволството, барем една вечер.
35. Заборавете на игрите на среќа.
36. Купете си скапа крема за омекнување на кожата.
37. Ако ваша животна желба е да свирите на некој инструмент, верувајте, никогаш не е предоцна. Запишете се на некој курс.
38. Помогнете му на вашиот партнер да заспие, пеејќи му нежно, на уво.
39. Заборавете ги диетите и листите со калории. Сакајте го своето тело, онакво какво што е.
40. Бидете како супер манекенките – секој ден пијте по литар и пол вода.
41. Водете дневник. Бележете ги сите битни и небитни нешта, секој ден, без исклучок!
42. Купете си луда шапка, украсена со многу пердуви или цветови.
43. Бидете на своја страна. Бранете се самата пред луѓето кои ве напаѓаат. Не отстапувајте од својот став.
44. Смејте се! Од срце! Ако ви треба помош, изнајмете комедија!
45. Научете да примате комплименти. Заблагодарете се и насмевнете се.
46. Прескокнете ја вечерата. Секој ден!
47. Научете да подготвувате некое егзотично јадење.
48. Испратете му љубовно писмо на саканиот, намирисано со вашиот омилен парфем.
49. Остварете ги своите соништа.
50. Исчистете го домот.
51. Трчајте, возете велосипед или одете на аеробик.
52. Дарувајте крв!
53. Сменете го начинот на кој работите. Бидете поажурна!
54. Сменете го начинот на живот. Уживајте во животот и живејте го до максимум!