Search for content, post, videos

Ротквица – пикантно лутка убавина

Познатата ротквичка е многу стара и ценета култура која се одгледува повеќе од 3.000 години. Нејзиното латинско име е Raphanus sativus што во буквален превод значи култивирана зелка.

Потекло… Ротквицата (Raphanus sativus) е повеќегодишна билка од фамилијата на зелките (Brassicaceae). Зборот „rudhira“ на санскритски, или „rude“, „rudo“ и „reod“ на саксонски јазик, значи „крв“ или „да се обои во црвено“, од каде потекнува и името на оваа билка, дефинирано по бојата на нејзиниот корен. Се претпоставува дека ротквицата потекнува од јужна Азија и дека можеби има потекло од дивата врста – Raphanus raphanistrum, која расте покрај обалата на Медитеранот. Ротквицата интензивно се одгледувала во Египет во времето на фараоните. Колкаво значење имала ротквицата за старите Египќани покажуваат сликите на sидовите на храмовите и гробниците. Познато е дека Египќаните, кои ја граделе Кеопсовата пирамида околу 1900-та година пред нашата ера, ја користеле ротквицата заедно со лукот и кромидот, бидејќи сметале дека таа храна им го чува здравјето. Ротквицата посебно ја ценеле Грците и Римјаните. Во народната медицина на овие народи, ротквицата била користена како природен лек против кашлица и воспаление на дишните патишта. Како прастара културна билка се одгледувала во Кина, пред повеќе од 3000 години. Во Франција, ротквицата не е култивирана се до 16-от век. Во времето на ренесансата, во Франција ротквицата посебно се ценела поради своето лековито дејство на лачењето на жолчката. Во римско време работниците примале ротвкица наместо плата во пари, а на египетските робови ротквиците им биле секојдневно јадење. Старите  Грци толку ги обожавале што ротквиците ги принесувале како жртви на златни послужавници за своите богови. Во средниот век ротквичките имале негативно значење, бидејки луѓето ги сметале како симбол на караници и војни. Денес ротквицата е еден од најпопуларниот вид на зеленчук на светот.

Лековитост и нутритивен состав… Ротквицата е идеален плод за нискокалорични салати. Енергетската вредност на ротквицата е мала, содржи малку калории, а богата е со витамини (посебно со витамин Ц) и минерали (калиум), растителни влакна и фолати. Во 100 грама ротквици има 28 kcal/117 KJ. Носители на калориите се јагленохидратите.  Во минералниот состав на ротквицата доминира калиумот (233 mg), а потоа следат калциумот, натриумот, фосфорот и железото. Од витамините, најзастапени се: витаминот Ц и витамините од Б – групата. Сто грама ротквица содржи се на се 16 калории, но затоа е богата со минерали и витамини. Многу добар извор е  на бакар, манган, калиум, витамин Ц, витамин К и витаминот Б6. Во помали количини содржи и калциум, железо, фосфор, синк и натриум. Ротквичката има антибактериски и антипаразитски својства и помага кај болести на дишните патишта, посебно кај кашлицата и астмата.  Многу е делотворна кај проблеми со жолчката и црниот дроб. Лек е и против жолтица бидејки го нормализира производството на билирубин во крвта, а кај лекувањето на жолтица освен плодот корисни се и листовите од ротквичката. Ротквичката помага кај создавањето на црвени крвни зрнца на тој начин што го подобрува снабдувањето на клетките со кислород. Ако планирате да ослабете, јадете ротквица поради нејзините ниски калориски вредности, лесното варење, изобилството со корисни влакна и вода, како и чувството на ситост што го дава ротквичката. Детоксификациските својства на ротквицата, изобилството на витамин Ц, фолна киселина и антоцијанините потпомагаат во лекувањето на неколку видови на канцер, посебно  канцерот на дебелото црево,  бубрезите, желудникот и грлото. Лесна за одгледување…Ротвицата е една од ретките култури која своите плодови ги дава  триесетина дена по сеењето. Поднесува умерено топла и влажна клима, многу е отпорна на ладно и темератури до минус шест степени Целзиусови. Почнете да ја козумирате.

Присутна и во кулинарството… Ротквичката има специфичен не толку лут вкус, популарна е во подговтвување на различни салати, но може и да се обарува и додава на млечните сосови и преливи за различни јадења и салати. Од листовите на ротквичката може да се подготват многу вкусни супи и прилози со главното јадење.

Ротквички на жар – Состојки: 200 гр. исечкани ротквички на кругови, 2 чешниња лук, 1 коцка мраз, сол, бибер и 2 лажици малсиново масло. Загрејте ја скарата, помешајте ги сите состојки, завиткајте во фолија и печете ги на скара околу 20 минути, завиткани така во фолијата. Вкусот ќе ви се допадне.

Крем супа од ротквички – Состојки: 3 големи китки листови од ротквици, 1 голема главица кромид, 1 чешне лук, малку путер, 4 големи компири, една и половина лажица диетален јогурт, сол и бибер.
Со подготовката се започнува од пржење на кромидот на путер околу пет минути, потоа додадете ги листовите од ротквичката убаво измиени и пржете уште две минути додека не омекнат. Додадете ги компирите и прелијте со вода. Кога компирот ќе се свари измиксирајте се во блендер, додадете го јогуртот, оставете да зоврие и зачинете по желба. Пријатно јадење здрава супа.

Силвана Јованчева