Search for content, post, videos

РУЗМАРИН  – лековита морска роса

Се верува дека ја зголемува концентрацијата, дека штити од змии, а е одличен како зачин и додаток на јадења, како и одличен лек за разни мачнини.

Рузмаринот е растение на топлите, јужни краеви и му годи топло лето. Расте на целиот простор на Медитеранот од Португалија до Мала Азија и Црното море. На Балканот е исто така многу распространето како растение бидејки климата многу му одговара. Често го одгледуваме дома на балконите и во дворовите поради фактот што може да се употребува и како убав зачин во јадењата, но и како освежувач на просторот со својот убав и пријатен мирис кој го шири. Убаво е да се знае дека треба да се пресадува секоја трета година во што поголема саксија. Рузмаринот е прекрасно мирисно растение со мали зимзелени листови и ситни светлоплави цветови. Расте во облик на грмушка и може да достигне висина до два метри. Мирисот на цветовите и цветните врвови на неговите гранчиња е налик на камфор, додека вкусот е малку лут, помалку горчлив и ароматичен. Цвета од март до мај, а понекогаш и во септември. Во цветовите, гранчињата и листовите содржани етерични масла чиј квалитет зависи од климата каде расте и од сончевите денови.

Растение на боговите… Повеќе од илјадници години рузмаринот е ценет и како зачин и како природен лек. Латинскотот име  потекнува од зборот”ros marinus”  што во превод значи “морска роса“. Низ вековите тој бил многу омилено растение. Го сакале и грчките и римските богови. Во стариот век рузмаринот и бил посветен на старогрчката божица Афродита, божицата на убавината и љубовта. Со венец од рузмарин се украсувале киповите на боговите, се украсувале брачните парови и гранка рузмарин ставале во колеквата на новороденчето да го штити од зли сили. Студентите го ставале на глава кога ги полагале испитите. Причината за тоа е што се верува дека токму рузмаринот ја поттинува меморијата и ја јакнее концентрацијата. Во стара Англија рузмаринот бил симбол на верноста па затоа имале обичај на свадба да се китат младенците и сите гости со румарин. Рузмаирнот секогаш уживал голем углед кај народите уште од најстарите времиња, а некои обичаи во врска со употребата на рузмаринот се одржале и ден денес.

Лековити делови на рузмаринот… Старото верување дека мирисот на рузмарин го стимулира памтењето го докажале научниците од Институтот во Синсинати кои докажале дека румаринот навистина ја поттикнува циркулацијата на крвта према мозокот и на тој начин ја подобрува концентарцијата и ја лекува главоболката. Затоа секогаш имајте рузмарин во своја близина. Рузмаринот се наоѓа на врвот на листата намирници кои можат да помогнат во превенција и лекување на канцерот. Досегашните направени студии покажуваат дека рузмаринот може да го спречи развојот на ракот на кожата и штити од штетното сончево зрачење. Се покажало дека маслото од рузмарин  го спречува и развојот на кацнер на дебелото црево и белите дробови. За внатрешна употреба се препорачува слаб чај од рузмарин кај менструални тегоби, но само во мали количини. Оваа билка има седативни, диуретски и антисептични својства. Состојките од рузмаринот се користат и во козметиката за правење на препарати за јакнење на косата, освежувачки тоник за лице, како и купки за релаксирање. Теманата коса може малку да се осветли ако мие косата со чај од рузмарин., а за јакнење на косата може да се додаде масло од рузмарин во шампонот за коса. исто така убаво е да се масира косата со масло од рузмарин и потоа да се исплакне со чај од коприва. Румарин сварен во козјо млеко се користел како лек против туберкулоза.

Се употребуваат цветовите од рузмаринот, пупките, а најчесто се собираат листовите од рузмарин. Рузамринот е многу корисен како лек за подобрување на циркулацијата на крвта и лесен проток на крвта према мозокот со што се овозможува подобра концентрација и се лечи главоболката, потоа  за лекување на слабо варење на храната и тромост на желудникот, како и анемија. Исто така делува и на подобрување на функцијата на црниот дроб и жолчката, а сето тоа пак делува на општото подобрување на целиот организам. Се користи и кај реуматични болки во мускулите и коските, главоболка и телесна изнемоштеност. Се користи и како средство за подобрување на видот. За внатрешна употреба се припрема чај, а за надворешна се прави тоник од рузмарин. Со дестилација на листовите и гранчињата рузмарин се добива масло од рузмарин кое содржи многу етерични масла и танин, горчливи материи и мала количина на сапонин во себе и е пријатно за масирање на мускулите и целото тело.

Енергетска и нутритивна вредност – во 100 грама свеж рузмарин се содржи 20,7% јагленохидрати, 5,8% масти и 3,3% протеини. Содржи 14,4 диетални влакна и 44 грама фитостерол. Од минерали е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар, цинк и магнезиум, додека ги содржи и следните витамини како Ц, фолна киселина, витамин А, пиридоксин Б6, тиамин Б1, рибофлавини Б2, и пантотенска киселина Б5.

Примена во кулинарството…рузмаринот многу се користи во јужноевропската кујна, како и овде кај нас на овие простори. Извонреден е како зачин за супа, за динстан зеленчук, риба, сите видови на печени меса и меки сирења. Најдобро е во јадењата да се стави свежо гранче од рузмарин кое ќе му даде совршена арома на јадењето. Рузмаринот е убав додаток кај јадењата со риба. Со рузмарин можете да го ароматизирате маслото за јадење или оцетот. Со загреано масло прелијте ситно сечени бадеми, ситно сечена кора од портокал и ситно сецкани листови од рузмарин и оставете да се олади. Потоа процедете низ газа и користете го како ароматизирано масло еден месец. Ке внесете арома во вашите салати и јадења. лично е и со оцетот имено стоплете го оцетот и прелијте ситно исецкани лиестови од рузмарин. Бидејки рузмаринот има јака арома может да ја ублажите со додавање на чешне лук, бибер и лимунова кора. Откако оцетото ке се олади оставете ги сите зачини кои сте ги ставиле внатре да стојат две недели, потоа процедете и користете го оцетот за припрема на салатни преливи и маринада. Рузмаринот многу добро се сложува со другите зачини  како оригано, темијан, мајоран и чубрика. Типично медитераснко јадење е натопени кришки леб во маслиново масло и листови од рузмарин, како и ситно сецкан рузмарин додаден во тестото за леб. Рузмаринот заедно со печени меса како јагнешко, пилешко и риба прави хармонична целина. Гранчиња рузмарин можете пред печењето на месото да ги ставите во тавчето заедно со лук, лимонов сок и масло. Нота на посебност ке даде и ароматичен путер во кој сте додале ситно сецкан рузмарин. Овој зачин ја зајакнува и аромата на заленчукот како домати, тиква, компир, грашок и леќа. Печен компир  посолен со прелив од рузмарин и лук во маслинов зејтин преставува вистинско гастрономско уживање, како и во додаток со разни сирења е нешто преубаво. Со рузмарин може да се ароматизираат и намирници за подготвување на слатки јадења како млекото за припрема на бешамел сок кога ке  одадете рузмарин, вино и мед за маринирање на смокви, шеќерен сируп или сок од портокал. На тој начин овој зачин се провлекува и во припремата на слатките особено оние од јаболка и чоколада. Фактот дека рузмаринот се користи во 740 рецепти укажува дека рузмаринот е широко распространет во исхраната на луѓето. Уживајте во неговата арома.

Силвана Јованчева