Search for content, post, videos

САБА – 15 години најдобар избор за средно образование!

Многу среќни и успешни ученици, задоволни професори, како и родители… затоа училиштето САБА цели 15 години е најдобар избор за средно образование во Македонија!
Приватното средно училиште САБА го прослави својот 15-ти роденден. На прославата имаше прекрасен настап на учениците од САБА и  претставување на Еразмус + проектите во кои ова училиште има учествувано изминативе години.
Се започнало во септември 2007 година, како прво приватно средно стручно училиште во Македонија, со име Средношколска академија за бизнис и администрација или скратено САБА.
Во првата генерација се запишале ученици во насоките за бизнис и право, а веќе следната година се акредитирани програмите за насоките информатика и туризам. Уште од самиот почеток имало голем интерес на ученици, не само од Скопје, туку и од другите градови од Македонија, што придонело веќе следната година  да се отворат паралелки и во Битола, а неколку години подоцна, во 2014 година, САБА се проширила и во Штип.
Денес, после цели 15 години, може да се пофалат со повеќе од 1.000 ученици кои завршиле во САБА, многу освоени награди и реализирани проекти. Дел од учениците во САБА се добитници на стипендии и меѓу нив има првенци на генерации,  кои во иднина ќе бидат предводници на новите класи информатичари, економисти, научници…
Роденденската прослава која помина во прекрасна атмосфера, се одржа во хотелот Мериот. Сите часови, денови и години поминати во работа вредат кога ќе се видат толку среќни и задоволни родители и ученици на едно место. Насмевките на сите овие лица навистина кажуваат многу за САБА.
Среќен роденден САБА – Приватно средно училиште, да славите уште многу, многу успешни години!
С.Ј.