Search for content, post, videos

САМИТЕ СМЕ ВИНОВНИ ЗА СОПКИТЕ НА ЖИВОТОТ

Зарем мора секоја тешкотија да ја доживуваме како крајна трагедија? Ајде да гледаме повесело на животот. Наша грешка е што животните молњи секогаш ги доживуваме како казни од Господ, како некоја негативна случка, како болка. Сметаме дека не сме достојни за среќа, а всушност не забележуваме дека ние воопшто не сме ни малку несрешни, туку тоа се само некои мали искушенија кои ни прават многу посилни и похрабри. Не сум сретнала до сега некоја личност која со благодарност гледа на тешкотиите кои ќе и застанат на патот. Ние не можеме да разбереме дека на тој начин емоционално зрееме и стануваме посилни личности. Тешкотиите ни ја будат упорноста за напред. Само прашање е дали ние имаме доволно сила и упорност да преминеме преку сето тоа. Кој ќе ми одговори дали навистина е така?