Search for content, post, videos

Се што е потребно за да се направи коктел

Brio Bar by Chef’n Corporation
За приврзаниците, следбениците на хедонизмот, на сетилното уживање, на “слаткиот живот”, секојпат има нешто ново, интересно. Тие се радуваат на малите работи кои, пак, животот им го прават поубав. Всушност, хедонистите сакаат и да бидат дел од приготвувањето на аперитивите, јадењата и така натаму. Вашингтонската Chef’n Corporation веќе неколку децении се грижи за тоа. Неодамна го “лансира” таканаречениот Брио Бар кој содржи сe 

што е потребно за да се направи коктел. Секако, без пијалоците. Секое парче воодушевува со неговиот изглед, дизајн. Освен класичните отворачи за шишиња, ножињата за сечкање овошје и така натаму, големо внимание привлекува и шејкерот “3 во 1” што служи за мерење, миксирање и за сипење без притоа да се извалка наоколу. Елементите се изработени од челик што не ‘рѓосуваат и траат долго.   

Игор Ландсберг