Search for content, post, videos

Секоја болест е производ на лоши и негативни мисли

Законот на животот е законот на вербата. Вербата е мисла која се раѓа во умот. Законот на вселената гласи: акција и реакција. Акцијата е мислата, а реакцијата е одговорот на потсвеста што таа мисла ја претвора во реалност. Доколку ги промените своите мисли, ќе го смените својот живот и својата судбина. Затоа се вели: внимавај што чувствуваш, што посакуваш и што говориш, тоа ќе ти се оствари!

Само еден и единствен процес за исцелување на душата е вербата, а единствената исцелителска сила е потсвеста. За да одговорите на желбите на вашето срце, барајте го одговорот во себе. Искачете се и почнете да размислувате од скалилото на вечната вистина, не дозволувајте некој друг да размислува наместо вас. Потсвеста ги надгледува сите телесни процеси во организмот и таа има одговори на сите прашања. Потсвеста ќе ја материјализира секоја мисловна претстава настаната во свеста, создадена врз основа на голема верба. Свеста и потсвеста имаат цврста соработка. Потсвеста го усвојува само она што навистина го чувствува како вистина. Моќта е во вас.

Мигрена е главоболка која се карактеризира со силна пулсирачка болка на едната страна од главата, честопати придружена со мачнина, повраќање, чувство на студ, вртоглавица, слабост, немоќ. Мигрената може да биде генетска или предизвикана од прехранени алергени – натриум глутаминат, вештачки засладувачи (аспартам), потоа може да биде производ на хормонска нерамнотежа, временска промена или поради намалување на серотонинот во организмот (хормонот на задоволството). Лицата кои страдаат од мигрена главно се многу амбициозни, се стремат кон беспрекорност, многу се самокритични, но и чувствителни на туѓи критики и постојано ги потиснуваат своите емоции. Кај нив е зачестено чувството на “внатрешно вриење” и напнатост. Ваквите личности самите се преоптоваруваат со животни и работни одговорности, постојано се во грч или во некаква трка со времето и понекогаш сѐ им доаѓа преку глава, а тогаш се повлекуваат и бегаат во осаменост. Често пати не се свесни што се случува околу нив. Живеат во страв од отфрлање и напуштање од другите. Перфекционисти се и веруваат дека мора постојано да се докажуваат пред другите, со цел постојано да бидат “употребливи”. Лесно се фрустрираат и можат многу да се разлутат, дури да побеснат доколку некој од нив очекува нешто да сработат, а за таа работа не добиле доволен број информации, податоци, сретства… за да ја сработат зададената задача. Емоции кои се поврзани со болеста се: гнев, бес, замерување, фрустрација, презир, гадење, срам, страв. Кај овие личности душата има потреба да расте и да се изразува, а умот да се чувствува сигурно како би можеле добро да управуваат со сопствениот живот. Потребно е да ги сменат мислите и своите ставови кон другите.

Депресиите најчесто се појавуваат поради пореметување на нормалната животна рамнотежа, траума, губиток, и се смета дека не е болест или состојба, туку дека е последица на пореметување на расположението. Не е востановена медицинска причина, но ако се тргне од психолошки аспект, ќе се забележат низа негативни специфични мисли и емоции. Според многу испитани случаеви, овие личности во многу наврати биле изневерени од луѓето, па и од животот, така што немале од кого да побараат емоционална потпора. Тие се чувствуваат осамено и напуштено и се однесуваат како да се жртви на окружувањето и околностите кои се створиле во нивна близина. Сметаат дека немаат увид ниту контрола над она што им се случува. Овие личности само реагираат на тоа што го вообразиле, и наместо својот живот да го земат во свои раце, тие постојано мислат дека сите се свртиле против нив. Во нивната глава, нивниот свет се смалува и затоа се повлекуваат од него, а понекогаш може во потполност да го изгубат својот ентузијазам за учествување во филмот наречен животот. Сѐ што работат, за ваквите луѓе преставува тешкотија и чувствуваат дека не е вреден трудот што го вложуваат. Се чувствуваат празни и без емоции. Поврзани емоции со ова состојба се: жал, тага, чувство на очај, беспомошност, безнадежност. Нивното тело има потреба да се поврзе со другите луѓе и да стекнат чувствуво дека се сакани.

Мозочниот удар претставува застој на дотокот на крвта во мозокот при што клетките во мозокот изумираат на тоа место. Причинители кои доведуваат до мозочен удар може да биде неправилната работа на срцето, високиот крвен притисок, дијабетесот, високото ниво на холестерол во крвта, пушењето, внесувањето голема колична сол во организмот и секако најважното – стресот. Мажите се по некое непишано правило повеќе подложни на мозочни удари отколку жените. Психолошки причини: овие личности чувствуваат голема загриженост, лесно се нервираат, избувливи се, агресивни се, тежнеат кон доминација, често се карат, имаат големи фрустрации. Во своите мисли повеќе се свртени кон проблемите, наместо кон нивните решенија. Имаат огромна потреба за докажување и постигнување, но многу стануваат нервозни доколку мораат да го носат товарот на одговорноста за некој друг. Овие луѓе или се на врвот или се на дното, што значи дека преживуваат огромни емоционални подеми и падови. штом го допрат дното, ги преокупираат негативни мисли кои го изобличуваат нивното видување на светот. Склони се кон депресии. Со мозочните удари е поврзан стравот од непознато, стравот за опстанок и стравот да се биде издаден. Емоции кои придонесуваат да се појави мозочен удар се гнев, бес, фрустрација, неподносливост, страв. Потребно е да се променат мислите за да се добие чувство на сигурност за управување со светот.

Дијабетесот е пореметување настанато поради абнормално високото ниво на шеќерот во крвта (гликозата), заради отсуство на лачење на инсулинот. Кај овие луѓе е развиено чувството дека сладоста на животот им бега од раце, а оптовареноста им ја намалува способноста да уживаат во него. Тие се хранат со внатрешното душевно незадоволство, затоа што овие личности се поврзани со чувството на недостаток на љубов, страст, среќа, радост, изобилие, надеж и способност на пронаоѓање убави нешта, како и уживање во нив. Тие се склони да копнеат по нешто што го имале и постојано живеат во минатото. За нив животот е мачење, страдање и постојано се незадоволни од него. Сакаат да бидат жртви, имаат потреба другите да ги жалат, да ги сакаат, а самите не умеат да пружат љубов, затоа што таа во нив воопшто не постои. Кај нив се појавува чувството на завидливост и љубоморни се на сите кои се поуспешни од нив. Имаат чувство на ниска вредност и немаат самопочит. Нивните негативни емоции произлегуваат од тагата, загриженоста, огорченоста, завидливоста, беспомошноста, тагата, самоокривувањето. Овие луѓе имаат потреба да бидат сакани.

Ракот е мутација на група клетки која пројавува неконтролирано делбено растење, но надвор од нормалните граници. Оваа група клетки бидејќи расте невообичаено брзо, создаваат маса на канцерогено ткиво кое потоа ги зафаќа и соседните ткива, така што ракот може да метастазира и во другите делови на телото. Тој може да го зафати секое ткиво во организмот. Веројатноста за негово настанување и ширење е поголема кога имунолошкиот систем на организмот не функционира правилно и е на ниско ниво. Психолошката причина на оваа болест е карактеристична за луѓето кои ги потиснуваат своите чувства и емоционални потреби, оние кои се многу повлечени и склони кон избегнување конфликт по секоја цена (понекогаш и на своја штета). Ракот често се нарекува и “болест на тагата”. Кај луѓето кои заболуваат од рак е изразена емоционалната потреба од самопрекорување, самоосудување, неизразување на своите емоции, чувства и потреби, со цел да им се удоволи на другите, со еден збор нивниот живот е самомачење. Постојано живеат во тага и страв да не бидат отфрлени и напуштени, па затоа многу трпат. Незадоволни се од себе, и не се сакаат себеси. Секогаш им даваат предност на реализирањето на туѓите желби, отколку на своите. Со еден збор – жртви. Поврзани емоции: тага, осаменост, безнадежност, беспомошност, песимизам, незадоволство, немоќ. Кај нив, душата е потребна да расте и чувствата постојано да се искажуваат и изразуваат.

Штитна жлезда – тироида – Хипотиреоза е состојба на намалување на активноста на штитната жлезда, која не произведува доволно хормони за ги задоволи потребите на телото, поради што се забавува метаболизмот. Хашимотовата болест е најчеста причина на слаба активност на оваа жлезда и најчеста појава на гуша – зголемување на тироидата. Психолошки причини: овие личности се “задушуваат” плашејќи се да ги искажат своите чувства и потреби. Ги измачува чувството дека не се способни за ништо, односно дека сите други се поуспешни од нив. Склони се да се препуштат на самосожалувањето и тешко им е да испливаат од животното мртвило. Колку и да се трудат, кај нив успехот постојано изостанува и чувствуваат како постојано да не се вклопуваат во животот. Своите емоции постојано ги сопираат, не ги искажуваат и ги “голтаат солзите”. Сѐ држат во тајност. Нивната метафора гласи “Зборувам, но никој не ме слуша” и затоа длабоко во себе чувствуваат горчина. Осамени се и без потпора. Немаат самопочит, а макотрпно настојуваат другите да ги прифатат и почитуваат. Бараат другите да ги сакаат и почитуваат, а самите се омаловажуваат. Поврзани емоции: тага, очајување, фрустрација, осаменост, малодушност

Висок холестерол – Холестерот е состојка слична на маста, која телото ја произведува по природен пат. Оваа состојка има голема важност за нормалното функционирање при создавањето нови клетки, при изолирањето на нервите и при производството на хормоните. Црниот дроб е одговорен за производство на целиот холестерол во телото, кој му е многу потребен. Генетиката, слабиот метаболизам, хроничните воспаленија и претераното конзумирање храна се причинители кои придонесуваат за подигање на неговото ниво и затворање (затнување) на артериите. Личностите кои во себе чувствуваат постојан гнев и се неповерливи кон другите имаат голема можност да заболат. За тоа придонесува и нивната несигурност, врзана за сопствениот опстанок, работното место, стравот од болест. Кај нив е присутна голема доза на цинизам, сомничавост, предрасуди, параноја, тврдоглавост, склоност кон постојани критики и нереални очекувања. Лесно се разбеснуваат, се фрустрираат, им се гади кога другите не ги слушаат, ниту ги прифаќаат нивните предлози. Тешко простуваат, лесно се одмаздуваат и склони се да вријат однатре, наместо да бидат отворени и да ги изразуваат своите емоции. Мрзеливи се и тешко упатуваат убави зборови кон другите, со еден збор светот го гледаат како лош место за живеење. Потполно им се препуштаат на проблемите, а со тоа и тешко изнаоѓаат решение за нив. Претерано амбициозни, премногу работат, склони се кон претерување и никогаш не се задоволни од сработеното. Поврзани емоции: гнев, срам, критикување, замерување, несигурност, вина. Овие луѓе треба да ги сменат своите мисли за да се чувствуваат сигурно во својата кожа.

Мислите создаваат зборови, зборовите прават дела, делата стануваат навика, а навиката го создава карактерот. Внимавајте што размислувате, вашиот карактер ќе ви донесе болест. Постојано негувајте го во себе чувството на љубов и имајте секогаш добри мисли за себе и за другите, тоа ќе ви ја прочисти душата и телото, а здравјето ќе дојде само по себе.

Силвана Јованчева