Search for content, post, videos

Шест начини на кои погрешно ја сушите косата

 

Дали некогаш сте се запрашале зошто косата откако ќе ја исушите со фен дома не изгледа онака како што изгледа откако ќе излезете од фризер? Можеби не ја сушите правилно…

Во игра се неколку фактори кои влијаат на изгледот на вашата коса. Можеби сте претерале со сушењето или, пак, не користите добра четка, но проблем може да биде и неправилното држење на четката. И секако, мора да запомните дека мократа коса е најчувствителна. За почеток, по миењето завиткајте ја косата во крпа и оставете ја така извесно време да се суши за крпата да го впие вишокот вода. Освен тоа, обрнете внимание и на следниве совети за да не ја сушите косата на погрешен начин…

Несоодветна четка
Најголема грешка е употребата на метална четка. Металот многу брзо се загрева кога е во близина на фенот, па затоа и косата премногу се загрева. Најдобра е тркалезната четка изработена од вештачки и природни влакна.

Топлината и жешкиот воздух
Ако имате кадрава коса подобро е да не користите жежок воздух и висока топлина. Воопшто, при сушење на косата најдобро е да го избегнувате најсилното „дување“ на фенот и жешкиот воздух. Поради големата топлина косата станува сува, а на крајот заради тоа е отежнато обликувањето.

Задржување на фенот на едно место
И самата знаете дека ако еден дел од косата го фенирате подолго време, тој ќе се исуши побрзо, но сепак немојте да го правите тоа. Затоа раката со која го држите фенот постојано движете ја.

Аголот под кој ја држите четката и фенот
Потрудете се четката да ја држите вертикално, а фенот хоризонтално. На тој начин правилно ја сушите косата. Немојте фенот да го насочувате да дува нанапред туку наназад.

Дел по дел
Знаете дека на фризер косата ја сушат дел по дел, но вие можеби го правите тоа погрешно. Сушете ја косата одозгора надолу, а кога ќе биде 80% сува, поделете ја во прамени. Прво сушете ги долните слоеви на косата, повлекувајќи ја четката од темето кон врвовите.

 

Создавање напнатост
Еден од најважните чекори при сушењето коса е тоа откако ќе ја поделите во прамени да не правите груби движења со четката и да не ја влечете силно косата. Со косата треба да постапувате нежно ако сакате да изгледа здраво и негувано.