Search for content, post, videos

Што да не јадете кога ве боли грлото

 

Воспалението на грлото е еден од најчестите здравствени проблеми во текот на зимата и честопати е проследено со кашлица. Конзумирањето чаеви, сирупи и некои продукти ќе ви помогне побрзо да го излекувате. Но постојат и неколку продукти кои мора да ги избегнувате или во спротивно состојбата ќе се влоши.

– Кисела храна

Кисели краставици, агруми и слични продукти ќе направат грлото само уште повеќе да ве боли. Дури и храната подготвена со киселина (салати, супи, чорби…) само ќе му штети на грлото.

– Зачинета храна

Можеби мислите дека зачинетата храна може да ви помогне да се ослободите од настинката и кашлицата, но конзумирањето зачини само ќе ја влоши состојбата. Затоа избегнувајте чили, црн пипер, морско оревче…

– Сува храна

Кога ве боли грлото, не само што ви е тешко да ја голтнете храната, туку и болката се зголемува со секое голтање, особено кога таа е многу сува. Затоа избегнувајте свежо овошје, житарки, ореви, кекси.

– Кофеин

Можеби шолја топло кафе додека го пиете ќе ви создаде пријатно чувство, но тоа е само привремено. По извесно време грлото само ќе ви стане уште посуво и поболно. Наместо кафе, најдобро е да земете чај од ѓумбир.