Search for content, post, videos

Скопски приказни

Секогаш позитивниот и продуктивен Петар Ренџов, повторно пријатно изненадува. “Скопски приказни ” е албум кој припаѓа на македонскиот етно звук со надградена хармонска, ритмичка и звучна прогресија. Авторите Петар Ренџов (со досега издадени три етно-џез ЦД-а) и Александар Јовевски, основач и член на групата Монистра, со минатогодишно авторско првенче “Од колено на колено” ја започнаа својата приказна. Како автори во овој албум се јавуваат на пет композиции и четири аранжмански преработки на стари македонски песни . Како вокална солистка се јавува Ивана Стојановска, наградувана со освоено прво место во Босна и Србија, за изведби на македонски традиционални песни. На албумот гостуваат Павел Ренџов – Перкусии и Горан Ѓешовски – Бас. Со аудио-видео записот “Пролетна Пеперутка” авторите заедно ја најавуваат промоцијата на проектот “Скопски Приказни” закажана на 22.08.23. “Впечатокот за Пролетната пеперутка ни е важен, со внимание ве молам…“ преку смеа кажува нашиот Пепи.

Албум „Скопски приказни„ – изведувачи: Александар Јовевски – тамбура, Петар Ренџов – гитара, Павел Ренџов – перкусии и Горан Гешовски – бас.