Search for content, post, videos

Слободата се добива само со борба

Кога би го живееле животот без никакви пречки, тоа би не направило крајно неспособни за живот, неиздржливи, слаби, плашливи… Неодамна некој ми рече: За да бидеш среќна, мора да бидеш исполнета овде- покажувајќи кон срцето и умот. Потоа додаде: Ако куќата има слаби темели и најмалото невреме ќе успее да ја сруши. Така е и со луѓето. Ако сме слаби, животот ќе не уништи, но ако се научиме на борба, ништо нема да не урне. Неопходно е да се бориме за своите права. Кој бара, ќе најде. Не заборавај го тоа…

И навистина беше во право. Можеби немаме сите еднакви шанси за победа, но го имаме сите тоа право. И јас секојдневно се борам да излезам од зоната на удобност и што поскоро да ја прочитам книгата која ќе ги избистри моите мисли за ново знаење. И решив да си дадам малку време на себеси. Да соберам храброст да го направам она што ме плаши, она што ме ограничува и што ме запира да бидам она што сум навистина. Сите имаме патека на можности. Понекогаш, вината не треба да ја бараме во небото, туку во нас самите.

продолжува…

Надица Пушкоска