Search for content, post, videos

Слушајте го срцето

 

Постои ли човек кој не доживеал разочарување во животот? Некој во детството, некој во тинејџерскиот период, некој подоцна во животот.

Адолесценцијата обично е период кога сме најранливи и кога лесно не погодуваат и најаитните забелешки од страна.

Критиките на родителите, задевањата од другарите, чувството дека сме поинакви од другите… сите тие безопасни нешта силно не погодуваат и не тераат и да се чувствуваме дека нешто не е во ред со нас. Обично, тоа се појавува во раното детство, кога не умееме разумно да ги оцениме ситуациите. Но, не ретко се случува многу подоцна во животот да доживееме болка и разочарување. На пример ако сопругот ја изневери вашата доверба и љубов, или ако некој го повреди вашето дете, вашиот сон за одредена цел во животот е се подалеку од реалноста.

Разочаарувања секому  се случуваат. порано или подоцна, а сепак сакаме да веруваме дека другите луѓе имаат многу пари, сјајни кариери, одлично здравје, верен сопруг и совршени деца. Дури кога и здравиот разум ни кажува дека тоа не е баш така, се  однесуваме како да сме убедени дека е токму така. Се криеме од нашите маскирани лица и празни фрази, како нашето рането срце да е нешто ретко и многу срамно кое трба по секоја цена да биде скриено. Дури и ако сте оптимиста и забавна по природа, вашата вистинска лчичност, ретко целосно излегува на површина. Се повлекувате и исклучувате од светот, а со вашиот изглед, однесување, со постапките оддавате слатки лаги. А срцето се стега и собира и животот го живеете повлечени длабоко во себе, во тврдината која сте ја изградиле од гордост и страв.

Како резултат на сево ова можни се две работи: да станете депресивна и цинична личност или да го слушнете крикот на вашето напуштено срце и да тргнете во потрага.

Одберете ја втората работа. Започнете ја потрагата по себе. Почнете со обновување на загубената врска со сопственото срце. Можеби на почетокот ќе почувствувате одреден отпор, но резултатот ќе ве изненади.

Но, може да се поврзете  со “деловите” на вашето срце на етапи. Можеби, отпрвин ќе доживеете акутна свесност за заробеноста на вашето срце, или вашиот вашиот внатрешен простор може да остане нечуен некое време. Не грижете се. Што и да се случи тоа ќе биде вистинската работа која требало да ви се случи во тој период.

 

Слушајте!

И слушајте повторно!

Тоа ќе ви каже се!