Search for content, post, videos

Слушајте го срцето!

 

Постои ли човек кој не доживеал разочарување во животот? Некој во детството, некој во тинејџерскиот период, некој подоцна во животот.

Адолесценцијата обично е период кога сме најранливи и кога лесно не погодуваат и најмалите забелешки од страна.

Критиките на родителите, задевањата од другарите, чувството дека сме поинакви од другите… сите тие безопасни нешта силно не погодуваат и не тераат и да се чувствуваме дека нешто не е во ред со нас. Обично, тоа се појавува во раното детство, кога не умееме разумно да ги оцениме ситуациите. Но, не ретко се случува многу подоцна во животот да доживееме болка и разочарување. На пример ако сопругот ја изневери вашата доверба и љубов, или ако некој го повреди вашето дете, вашиот сон за одредена цел во животот е се подалеку од реалноста.

Разочаарувања секому  се случуваат. порано или подоцна, а сепак сакаме да веруваме дека другите луѓе имаат многу пари, сјајни кариери, одлично здравје, верен сопруг и совршени деца. Дури кога и здравиот разум ни кажува дека тоа не е баш така, се  однесуваме како да сме убедени дека е токму така. Се криеме од нашите маскирани лица и празни фрази, како нашето рането срце да е нешто ретко и многу срамно кое трба по секоја цена да биде скриено. Дури и ако сте оптимиста и забавна по природа, вашата вистинска личност, ретко целосно излегува на површина.

Се повлекувате и исклучувате од светот, а со вашиот изглед, однесување, со постапките оддавате слатки лаги. А срцето се стега и собира и животот го живеете повлечени длабоко во себе, во тврдината која сте ја изградиле од гордост и страв.

Како резултат на сево ова можни се две работи: да станете депресивна и цинична личност или да го слушнете крикот на вашето напуштено срце и да тргнете во потрага.

Одберете ја втората работа. Започнете ја потрагата по себе. Почнете со обновување на загубената врска со сопственото срце. Можеби на почетокот ќе почувствувате одреден отпор, но резултатот ќе ве изненади.

Ако сакате да го истражите вашето детство или некоја друга емоционална траума, постојат медицински и психолошки професионалци кои знаат како да ве водат низ тој чувствителен процес. А вам сега

ви треба да го откриете и излекувате вашето духовно срце. Постои срце и постои вистинско срце. Има ” розово” срце и” златно” срце. И има “ниско” срце и “високо” срце. Особините на ниското срце се: страст, екстремност,емоции, живост, приврзаност. А, особините на високото срце се: сочувствување, балансирање, трпение, единство, дух, душа. Треба да се поврзете со високото , духовното срце. Тоа може да се случи моментално, со првиот обид. Ако се случи, тогаш тоа е длабоко, инспиративно доживување, а нивото на вистината ќе го сватите моментално. Ќе сватите дека зад вашето болно или емотивно скршено срце, постои срце кое  е цело, силно и мудро. Меѓутоа, поставувањето на оваа патека може да биде многу подолг процес .

Но, може да се поврзете  со “деловите” на вашето срце на етапи. Можеби, отпрвин ќе доживеете акутна свесност за заробеноста на вашето срце, или вашиот вашиот внатрешен простор може да остане нечуен некое време. Не грижете се. Што и да се случи тоа ќе биде вистинската работа која требало да ви се случи во тој период.

Седнете или легнете удобно, без да бидете вознемирувана. Затворете  ги очите, дишете, опуштете се.  Дури кога ќе се почувствувате целосно релакси-

рано, поместете  го вниманието кон вашите гради. Замислете како дишите  низ градите. Вдишувате  и издишувате. Кога ќе бидете подготвена, нежно фокусирајте го вашето внимание на вашето срце. На вашето  високо, вистинско срце, вашето духовно срце.  Сега за првпат, поздравете го вашето срце. Изразете му благодарност што ви дава постојана заштита и живот. Кога ќе воспоставите врска со него, можеби ќе сакате да му поставите некои прашања. Бидете тивка и слушајте. Слушајте  го гласот на вашето срце. Тој глас ви изразува зборови, чувства, слики, звуци, а може да биде и само чувство за ” едноставно знаење”. Можеби ќе ви треба време да научите да го препознаете единствениот глас на вашето срце, затоа не се оптоварувајте ако не успеете тоа да го постигнете.

Слушајте!

И слушајте повторно!

Тоа ќе ви каже се!