Search for content, post, videos

Снежни топчиња

Подготовка:
На пареа топете го белото чоколадо додека да добиете мазна смеса. Во длабок сад измешајте ги кокосот, кората од лимонот и малку лимонов сок, па спојте ги со стопеното чоколадо. Од оваа смеса направете ги топчињата, а во секое од нив ставете по една вишна. Потоа, секое топче извалкајте го во кокос и ставете го во хартиена модла.
Потребно:
1 шолја (од 250мл) кокос
Изрендана кора и исцеден сок од еден лимон
380гр бело чоколадо
Околу 30 вишни (од компот, смрзнати, кандирани)
Кокос за валкање на топчињата