Search for content, post, videos

Со Жалфија против потење

Најголемиот непријател особено во текот на жешките денови е потењето.
И покрај употребата на разните антиперспиранти, потењето сепак не ни е баш најпријатно, соочувајќи се со големите дамки од пот на облеката при секое и најкусо изложување на жештината. Но и за тоа постои решение..
Рецепт за чај против потење
Во шолја жешка вода ставете една лажичка жалфија, оставете да отстои 15 минути па процедете. Пијте го чајот еден месец секој ден и ќе забележите дека помалку ќе се потите.
Рецепт за лосион против потење
Потопете 20 гр жалфија во 250 мл бело вино и оставете да отстои една недела, на темно место, во стаклен сад.
Овој лосион додавајте го во водата за капење (кога ја полните кадата).