Search for content, post, videos

Сода бикарбона – прави чуда за вашето тело и кожа

Сода бикарбона или натриум бикарбонат е евтин, лесно достапeн и повеќенаменски производ. Има многу широка примена: во готвење, миење, третман, козметика. Може да се нарече и прашок со чудесно дејство. Сите овие карактеристики ја ставаат во категоријата производ без кој ниту едно домаќинство не може да помине. Еве зошто можете да користите сода бикарбона:

Каснувањето од комарец може да биде многу непријатно, но ќе се ослободите од болката ако на раната нанесете паста од вода и сода бикарбона.

Сода бикарбона е добра и за лекување на изгореници – ставете малку сода бикарбона на влажна крпа и нанесете ја на изгореницата.

Ќе ви помогне и да се ослободите од непријатниот мирис од чевлите: доволно е само да посипете сода бикарбона во чевлите.

За да добиете свеж здив, направете гаргара со половина чаша вода и прстофат сода бикарбона.

Исто така, корисна е и против силниот и непријатен мирис на потта. Натопете ја газата со вода и сода бикарбона и ставете ја под пазувите некое време. Непријатните мириси ќе исчезнат.

Се користи и во борбата против познатата габа кандида, а во зависност од тоа каде се наоѓа, треба да се исплакне или да се пие раствор од вода и сода бикарбона. Обичните антигабични лекови не делуваат, бидејќи кандида брзо мутира, за да се одбрани, дури почнува да се храни со лекот, кој имал намера да ја убие. За разлика од другите лекови, кандида не може да се прилагоди на сода бикарбона. За дејството на антигабичните лекови знаеле и старите Египќани, а во индиската литература се препорачуваат лекови со силни алкални својства, како сода бикарбона, за лекување на рак. Секојдневното превентивно (и терапевтско) консумирање на сода бикарбона е непроценлив придонес за одржување на целокупната виталност на организмот и добро здравје.

Сода бикарбона може да се користи за замена на разни производи за нега на лице и тело: Со лесни кружни движења тријте го лицето со мешавина од сода бикарбона и вода, во сооднос 3:1. На овој начин ќе направите благ и ефикасен пилинг на лицето. Исто така, сода бикарбона може да ви помогне да се ослободите од мозолчињата: направете паста од неа и свежо исцеден сок од лимон и периодично нанесувајте ја на мозолчето.

Направете свој шампон за длабоко миење со додавање четвртина сода бикарбона во шампонот. Ова ќе ви помогне да ги отстраните остатоците од производите за нега на косата кои да се насобираат на вашата коса. Немате време да ја измиете косата? Користете сода бикарбона како сув шампон да ја впиете маснотијата од косата. Едноставно посипете сода бикарбона на корените на косата и помитете со со прстите и исчешлајте ја косата.

За ублажување на изгорениците од сонце, натопете крпа во раствор од 250 мл вода и четири лажици сода бикарбона. Добиениот раствор ќе помогне да се „извлече“ топлината од изгорениците.

Може да ви помогне и да имате помека кожа. Едноставно додајте го во топла купка. Дополнително, кога правите домашен педикир, додадете три лажици сода бикарбона во топла вода и вашите стапала ќе заблескаат.

С.Ј.