Search for content, post, videos

Солена торта со тиквички и пиперки

Подготовка:
Измијте ги тиквичките, исечкајте ги на тенки кругчиња и посолете ги. Измијте ги пиперките и исечкајте ги на коцки. Во посебен сад изматете ги јајцата, павлаката за готвење, солта и биберот.
Расукајте го лиснатото тесто и ставете го во тавата која претходно сте ја премачкале со путер, па избоцкајте го со вилушка. Малку тесто нека виси по рабовите. Дното прекријте го со шунката, па врз неа наредете ја ја тиквичката и ставете малку бибер. Врз тоа ставете ги пиперките, па полијте ги со дел од смесата од павлаката со јајцата. Ставете уште еден ред тиквички, пиперки и прелив. Од останатото лиснато тесто исечете лентички и украсете ја тортата. Печете околу 45 минути на 220 степени и послужете ја топла.

Потребно:
500гр. лиснато тесто
2 тиквички
1 црвена пиперка
1 жолта пиперка
250мл. Павлака за готвење
4 јајца
¼ лажица путер
1 лажица брашно
250гр. шунка
сол
бибер