Search for content, post, videos

Сос од тиквички

Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките кои претходно сте ги измиле и излупиле. Кромидот исечкајте го ситно. На малку масло динстајте го кромидот, додајте ги тиквичките и додајте малку вода. Динстајте додека да омекнат тиквичките, па додајте ги зачините. Во филџанче со малку вода ставете една мала лажичка брашно за да добиете компактна смеса, па додајте го во смесата со тиквичката за да се згусне. Нека проврие пред да го трегнете од ринглата. На крајот додајте малку павлака.

Потребно:
3 големи тиквички
1 главица кромид
1 кисела павлака
Масло, сол, бибер, зачинал, лук во прав (или свеж), малку брашно