Search for content, post, videos

Студија за постпородилната депресија

Податоците од истражувањето во кое учество земале 700000 жени го поврзуваат гестацискиот дијабетес со зголемениот ризик за послепородилна депресија. Истражувачите од Медицинската школа Икан во Њујорк велат дека дополнително зголемување на ризикот е забележано кај жените кои од депресија страдале и пред бременоста. Ризикот за постпородилна депресија бил зголемен и кај испитаничките  што имале дијабетес пред бременоста, како и кај оние што се породиле пред 36 недела од бременоста. Породувањето на помлада возраст  како и породувањето со царски рез исто така биле поврзани со поголем ризик за постпородилна депресија. Според зборовите на истражувачите, новите сознанија ќе ја олеснат идентификацијата на жените кај кои постои ризик од постпородилна депресија и на тој начин ќе се овозможи благовремен почеток на лекувањето