Search for content, post, videos

Супер храна – храна која го одржува здравјето

Индијците ја користат оваа храна веќе илјадници години, Египќаните најмалку 7.500 години, Вавилонците ги познавале нејзините лековити својства… Таа ни е достапна и денес, дури и многу повеќе, но ретко кој свесно посегнува по неа – производите на пчелите, морските треви и супер-билките.
Производите на пчелите – за вредните пчелички и резултатот од нивната работа се знае многу одамна. Медот и останатите производи од мед се многу здрави за човечкиот организам. Во западниот свет за добрите својства на пчелините производи се дознало “случајно”, преку проучувањето на животот на пчеларите-староседелци во Русија. Нивниот животен век бил над 100 години, биле здрави, а причината за тоа била што сите тие секојдневно конзумирале мед и останатите производи кои ги прават пчелите.

Матичен млеч – познат е како кралица на сите пчелни производи. Претставува комплексна супстанција која се создава во жлездите на пчелите. Пчелите матици се хранат само со оваа храна односно само со матичниот млеч и живеат четириесет пати повеќе од останатите пчели. Матичниот млеч е ризница на нутритиенти кои содржат се што ни е потребно за живот. Овој продукт е најдобар извор на пантотенската киселина која е позната како витамин Б5. Пантотенската киселина успешно го спречува стресот и е неопходна за здравјето на кожата и косата. Матичниот млеч е познат имуностимуланс за сите луѓе на секоја возраст, го јакне нервниот сиситем, ја обновува животната енергија и дава виталност.
Поленов прав – поленовиот прав пчелите го собираат во текот на цветањето на растенијата, и е совршен извор на протеини, важни витамини и минерали. Поленовиот прав и саќето се најсовршената храна која може да се најде во природата. Содржи седум пати повеќе протеини отколку месото, совршен извор е на витамините А,Б,Ц,Д,Е и К, а содржи и дваесет и осум минерали. Од вкупно дваесет и две аминокиселини кои се познати, сите се пронајдени во поленовиот прав и саќето. Поленовиот прав содржи и бројни ензими и коензими кои се многу важни за варење на храната. Вакво богатство на хранливи состојки не е пронајдено во ниту еден друг производ. Поленовиот прав воедно е и природен лек за алергиите, помага при појава на треска и заболување на синусите. Истражувањата покажале дека поленовиот прав го спречува стареењето и ја зајакнува менталната и физичка способност на организмот.
Прополис – прополисот е смолеста супстанција која настанува со преработка на растителните сокови на различни растенија. Пчелите го користат прополисот за одржување на хигиената во кошницата каде се произведува медот, за да ја одбранат од нападите на натрапниците, поточно инфекциите. Инаку познато е дека пчеличните кошници се најстерилниот простор во природата, а сето тоа благодарение на прополисот. Луѓето одамна го користеле како природен антибиотик кој штити од бактерии и го јакне имунитетот на организмот. За разлика од останатите антибиотици, прополисот делува и на вирусите. Истражувањата покажуваат дека користењето прополис во сезоната на гриповите и настинките го намалува ризикот од заболување од овие болести дури за 25%. Прополисот е делотворен и при лекување кашлица, воспаление на грлото, синусите и крајниците. Кремот од прополис е одлично средство за лекување на габичните и бактериските инфекции на кожата, што значи дека е препорачлив и за внатрешна и за надворешна употреба.
Алги и морска трева – повеќеклеточната морска алга е полна со хранливи состојки бидејќи има пристап до сите нутритиенти во морето. Морската трева содржи десет пати повеќе калциум од млекото. Хемискиот состав на морската трева е многу сличен со крвната плазма кај луѓето. Поради тоа една од најголемите поволности на морската трева е нејзиното делување на здравјето на нашиот крвен систем. Морската трева ја прочистува крвта, го неутрализира делувањето на киселата храна, штити од широк спектар на токсини, вклучувајќи ги тешките метали и радијацијата, претворајќи ги во неупотребливи соли кои организмот лесно ги елиминира. Дава одлични резултати и при слабеење. Морската трева содржи висока концентрација на јод, кој ја стимулира работата на штитната жлезда и го поттикнува согорувањето на мастите. Конзумирањето морска трева и купките со неа помагаат во намалување на целулитот и го чистат лимфниот состав.
Нори – најмногу се користи во јапонската суши храна и има исклучително голема хранлива вредност. Од оваа алга се прават листовите за виктање на сушито.
Келп – ова е најпопуларниот вид морска трева која може да се најде во скоро секоја продавница за здрава храна. Од листовите на алгата келп может да се подготви топла купка за опуштање, која го подобрува изгледот на кожата и го чисти организмот од токсини.
Дулс – оваа црвена морска алга може да се најде во облик на снегулки. Таа не мора термички да се подготвува, само се додава во салатите, супите или во јадењата од варен зеленчук. Ако сте љубителка на зелени кашести сокови, тогаш додајте малку од оваа алга.
Араме – костенлива по боја, оваа алга е многу корисна за здравјето, а се подготвува за само пет минути. Ако ја подготвувате подолго само ќе и ги уништите сите хранливи вредности.
Валкам – поради својот посебен слаткаст вкус, оваа алга е одличен додаток на сендвичите. Исто како и алгата араме се подготвува со само пет минути варење.
Сите овие морски алги се користат во Јапонија многу години како богат извор на минерали, витамини и како природни зајакнувачи на вкусот на јадењата. Супер растенија – лековитите растенија му биле познати на човекот уште од самото негово настанување. Со нивна помош тој го лекувал, прочистувал и зајакнувал својот организам. Тие го снабдуваат телото со многу важни нутритиенти и ја регулираат и урамнотежуваат работата на целиот огранизам. Најдобро е кога се користат во нивниот изворен облик.
Коприва – таа е волшебно растение кое многу експерти го сметаат за лек скоро за сите болести. Копривата е една од најкорисните лековити билки. Најмногу се употребува како чај, но и за подготовка на одредени препарати.
Алое вера – алоето се сметало за еликсир на животот и тоа не без причина бидејќи во својот состав содржи повеќе од двесте и четириесет хранливи и лековити состојки. Познато е и нејзиното делување на кожата: лекува рани, изгореници, акни, алергиски исипи и егземи. Може да се користи и внатрешно за прочистување на организмот, го намалува воспалението, и штити од вируси и бактерии.
Ехинацеа – нејзиното име најчесто се слуша во сезоната на гриповите и настинките. Ехинацеата е природен антибиотик и имуно-стимулатор, кој помага во борбата против вирусите и бактерии. Чајот од ехинацеа е познат по тоа што ги спречува инфекциите, а делотворен е и кај некои видови на канцер, како што е канцерот на кожата.
ЖенШен – незаменливо растение кога станува збор за стрес и хроничен замор. Во Азија со векови наназад е познато како енергетик и тоник за секој човек. Посебно е корисно при опоравувањето од болести и операции поради своите регенеративни и антивоспалителни својства.

Силвана Јованчева