Search for content, post, videos

Супер начини да го победите уморот

Сите се среќаваме со ситуации во кои се чувствуваме уморни, иако ништо не сме работеле. Чувствувате дека не можете да се движите, да зборувате, па дури ви е тешко и да седнете на креветот и да го вклучите телевизорот. Чувствувате како сета енергија да ви исчезнала.
Следните 5 совети ќе ви помогнат да го совладате уморот секојпат кога ќе ве нападне. Не треба да купувате лекови, потребна ви е само мотивација да го победите.
1. Не заборавајте да појадувате. А ако досега не сте практикувале да појадувате, тогаш е време да внесете промени. Работата на вашиот метаболизам ќе се забави и чувството на умор ќе ве освои ако убаво не појадувате. Во појадокот вклучете сирење, јогурт, интегрален леб. Ако немате време да појадувате дома, тогаш спакувајте го за на работа и понесете си и малку овошје.
2. Пијте многу вода. Кога телото ви е дехидрирано, ќе останете без енергија и ќе се чувствувате изморена. Затоа, треба да пиете чиста вода за да ја спречите дехидрацијата. Иако кафето традиционално се смета за енергетски пијалак, вие сепак пијте повеќе минерална вода, овошни сокови или зелен чај. Следниот рецепт особено ќе ви помогне многу: во блендер ставете 1 банана, 150 гр сок од портокал, лажица овошен сируп и 2 лажици сок од лимон.
3. Ако сметате дека ви е потребно, одморете се. Најдобар начин да се одморите е добриот сон. Додека спиеме, клетките, помнењето и расположението се обновуваат. За да го избегнете слабото функционирање на организмот, дневно ви се потребни 8 часа сон. Ако сакате да спиете, а не можете да заспиете, подгответе си топла купка и во неа додајте неколку капки есенцијално масло од лаванда. Ова ќе ве опушти и полесно ќе заспиете.
4. Кога ќе се почувствувате изморена, пуштете си весела музика и почнете да танцувате. Колку и д ави изглед атешко да го направите, само помислете дека ќе ви го разбие сонот. Контролирајте ги мислите кон позитивните нешта и почнете лесно да се нишате во ритамот на музиката. Немојте да се грижите како танцувате, бидејќи никој не ве гледа.
5. Не грижете се за малите нешта. Стресот може да влијае на вашиот енергетски потенцијал на деструктивен начин. Не дозволувајте си разочарувања. Не постојат начини да го избегнете стресот, но можете да го совладате така што ќе се движите во кругови со позитивни луѓе. Кога ќе наидете на стресна ситуација, само во себе кажете си одлучно “не” и уживајте во животот.