Search for content, post, videos

Светот е толку многу мал!!!

 

Да, светот е сепак навистина многу мал. Тоа го покажуваат и овие минијатурни уметнички дела со многу детали, а прикажани преку секојдневни ситуации и предмети.

Новиот феномен наречен “минијатурна уметност” го преплави светот на уметноста. За да се изработи едно вакво мало уметничко дело, потребно ви е трпение, пред с# да се постават фигурите во вистинската позиција. Потоа треба само да ја реализирате идејата што ја имате – тревник на нокти, куќа и градина направени од вистинска мов, семеен пикник, фарма, мини плажа, игралиште…
Проектот кој е наречен “Мали луѓе” го стартуваше уметникот кој себеси се нарекува Сликнкачу уште во 2006 година.
“Еден ден, додека се шетав на улица, почнав да размислувам дека би било забавно кога би поставил мини фигури и ситуации на јавни места. Како минуваше времето се повеќе ме интересираше како ќе реагираат луѓето на овие слики и мини скулптури. Секоја сцена вклучува ремоделирање и сликање на минијатурните модели, кои потоа ги поставувам, сликам и ги оставам на улица. Тоа е истовремено и улична уметничка инсталација и фотографски проект. Сакам да ги изненадувам луѓето, а главна цел ми е да ги поттикнам градските власти да станат посвесни за своето, т.е нашето окружување. Сите фигури се лепат со супер лепак, а потоа ги оставам на улица”.
За да ја постави целата сцена, на Сликначу му се потребни 5-6 часа, време во кое ја разработува идејата и ги изработува фигурите.
Други уметници, како Јури Јамамото, создаваат различен вид уметност, а мини фигурите се само еден дел од целата консталација.

1. Оваа мини куќа е направена од хартија. Градината е изработена од вистински мов. Целата куќа е поставена во напрсток.

 

2. Ова мини семејство ужива во пикникот направен на ноктите на уметникот Алис Бартлет.

 

 

 

3. Јури Јамамото изработи вистинска мини фарма, а потоа еден дел од фармата, со фармер, крави, прасиња и кокошки, го пренесе на лажица.

 

4. Чинија со крем бруле како сцена за гасење пожар… Минимиам најчесто користи десерти како “платно” за својата уметност.

 

 

 

 

 

5. Големото бегство – голем број луѓе качени еден врз друг во обид да дојдат до слободата. Фигутите се поставени на улица, покрај тротоар.

 

6. Сцена на луѓе кои уживаат на плажа, покрај море, со мини столчиња и чадор за сонце.

 

 

 

 

7. Минимиан поставил сцена на мини планинари врз колач од пуслици.

 

8. Рај за двајца – мини остров направен од тениско топче.

 

 

9. Младо момче застанато сред минско поле, окружен со знаци кои укажуваат на опасност.

 

 

 

 

10. Мини перниче за игли, поставено во шолја за кафе, е искористено како подлога за мини куќа со градина.

11. Ако се обидете, ќе ја чуете смеата на децата кои се забавуваат на ова игралиште – дел се лизгаат, дел се клацкаат.

 

12. Пердувите од птица само ја нагласуваат “големината” на фигурите и деталите на секоја поодделна фигура.