Search for content, post, videos

Swiss Inn- МЕСТО ЗА ЕГЗОТИЧНИ МИГОВИ

Египет е синоним за релаксација, синоним за уживање, прекрасни песочни плажи, синоним за древни, историски чуда, за неповторливост, синоним за тиркизна вода и прекрасни зајдисонца, синоним за оаза…

Привлечени од сите негови убавини, заљубени во најшареното Црвено Море и незаборавните зајдисонца, тоа е најдобар избор за незаборавен одмор. Но, доколку сакате се да биде идеално, тогаш ви го препорачувам ресортот Swiss Inn. Преубавата песочна плажа, зеленилото кое го опкружува како и прекрасната услуга се нештa кои ви оставаат голем впечаток и сигурно ќе сакате одново да се вратите и да ги почувствувате повторно убавините кое ги нуди.

Овој ресорт нуди сместување за сечиј вкус, од стандард и премиум соби до дипломатски, аголни и кралски апартмани, така што има вкупно 401 соби и апартмани со поглед на море и градина. Можете да уживате во собите со поглед на море и да заборавите на целиот свет. Собите се луксузно опремени и совршено место за вашата релаксација. Софистицираниот и модерен мебел ви даваат чувство на комфор и луксуз, а тоа е првото нешто кое што ќе го почуствувате кога ќе влезете. Само препуштете се на звукот од бранот и шумот на палмите и уживајте во прекрасната морска шир. Тука вашата среќа е нивен приоритет.

Втората линија соби и фамилијарни апартмани се засебно катче кое е идеално место за фамилии и парови. Тука секој дел, секој пејсаж е внимателно создаван и оддава впечаток на совршено изработено дело од рацете на вредниот персонал. Можете да уживате во прекрасниот и топол базен додека го пиете својот коктел или да се рекреирате на тенис и сквош игралиштата како и во фитнес центарот. Се разбира, релаксирачка масажа, спа центар, сауна и топла бања се уште еден од начините како да постигнете целосно опуштање и да се препуштите на ова врвно задоволство кое што овој ресорт го нуди.

Никогаш доволно време да се доживее ова прекрасно место. Додека создавате спомени, едноставно времето не постои. Тука природата оставила свој печат, убавината свој сјај, а времето го запаковало сето тоа во еден прекрасен подарок. Навистина, секој ден има посебна убавина, посебна слика и доживување. 

А кога зборуваме за кујната и прекрасната храна која секој ден е разноврсна, тоа претставува посебен сегмент кој што не може да се опише со зборови, бидејќи треба да се вкуси и едноставно ужива во неа. Некои веруваат дека не може да го дознаете местото додека не ја пробате храната. Ресторанот покрај плажата нуди прекрасна морска храна. Уникатните и превкусни специјалитети се мастрално дело на кујната.

Додека главниот ресторан кој што изобилува со меѓународна храна е само дополнителен дел од овој колаж. И секако, за вљубениците во пастата и пицата тука е и Италијанскиот ресторан. Секој дел од кујните шири различен опоен мирис, различна убавина за сетилата. Беспрекорната и брза услуга на персоналот само ја усовршува оваа слика, а готвачите ја знаат моќта на храната и го поттикнуваат и зголемуваат вашето расположение.

Ресортот Swiss Inn располага и со сала за состаноци и настани. Тоа е опремена сала според сите стандарди која ги исполнува сите услови за беспрекорно и совршено функционирање. Тука може да се организираат разни семинари, како и свадби од соништата. Тие се експерти во создавање незаборавни настани од секаква големина. За овој квалификуван тим секој настан е можност да креираат нови моменти на магија преку прецизно посветено внимание на секој детал. Навистина, тука вашите желби ќе станат реалност.

Без разлика дали планирате романтичен одмор за двајца, семеен одмор или сакате да ги проширите вашите хедонистички хоризонти, ресортот Swiss Inn ви нуди незаборавни мигови, луксузни сместувања и врвни услуги. Одморите имаат за цел да создадат спомени, а ова место е целосен погодок да создадете незаборавни моменти. Патувањето е најголемиот подарок од животот и најдобра храна за вашата душа, а кога ќе дојде моментот да го славите животот, убавината нема цена.

Дефинитивно, Swiss Inn е најдобриот избор за уживање, релаксација и незаборавни мигови, инспирација за голема авантура и на свој начин ќе ви покаже еден друг свет. Без оглед дали ќе се одлучите за тропско уживање покрај прекрасното Црвено Море или релаксирачки ден во спа центарот со чаша вино, овој ресорт може да ги исполни сите ваши очекувања и желби.

Тука ќе уживате во најживописното зајдисонце чиј одблесок се гледа во мирната вода. Беспрекорниот песок и тропските дрвја само го надополнуваат овој пејсаж и ги повикуваат гостите да бидат едно со природата. Дури и катчето за деца, како и интересните тобогани и лизгалки во форма на животни, како и омилениот  кловн на дечињата, ќе ви понуди бескрајна релаксација за целото семејство.

Но, тоа што го прави волшебно ова место е прекрасната енергија која ја има. Персоналот и целокупниот амбиент само ја надополнуваат таа совршена слика. Тоа е место кое нема да ве остави рамнодушни и со сигурност ќе ве однесе во други димензии, во други времиња. Затоа дојдете и земете дел од оваа енергија и уживајте во секој миг, бидејќи Swiss Inn е токму тоа, бесконечна љубов кон животот.

Надица Пушкоска