Search for content, post, videos

Тајната на здравиот живот…

Тајната гласи: човекот сам ја создава својата реалност преку примена на еден универзален принцип – законот за привлекување, односно привлекува се што ќе се посака. Руските научници Пјотр Гарјаев-молекуларен биолог и биофизичар и Владимир Попонин-квантен физичар, ја откриваат функцијата на човечката ДНК. Според нив ДНК не е одговорна само за изградба на физичкото тело на човекот, туку служи и за снабдување со информации. Таа претставува еден био-чип во нашето тело, односно органски супер водич кај која информациите доаѓаат директно и индиректно во зависност од степенот на свеста и технологијата на програмирањето. Ако ДНК е био-чипот во нашето тело, тогаш телото е органски компјутер. Тогаш како и кој го програмира овој компјутер? Ние самите, но и нашето окружување. Всушност, секоја емоционална состојба (свесна и несвесна) во која се наоѓаме извесно време делува врз нашиот клеточен систем и делува врз нашата програма. Ваквата емоционална состојба и животното уверување се темелат врз човечкиот карактер, односно врз самата структура на човековата личност. Врз основа на карактерот, односно несвесно потиснатите чувства, ќе се обликува човековата перцепција. Меѓутоа влијанието на мислите и емоциите не завршува тука, тоа продолжува поради што по извесно време се одразува и врз физичкото тело.
Човековиот несвесен ум се однесува токму како компјутерски софтвер па затоа му се потребни и наредби или задачи, односно потребно му е програмирање. Доколку во несвесниот ум отсуствуваат наредбите кои се манифестираат преку свесниот ум, тогаш тој се занимава со преработка на стари спомени, импресии, ги подредува искуствата, ги врти филмовите од минатите години. Затоа, целта на многу луѓе кои страдаат од негативни душевни пореметувања е да го “исклучат умот”. Повеќето од луѓето не знаат дека несвесниот ум има и свој хардвер кој е сместен во физичкото тело, односно во клетките на организмот. Затоа се она што се случува во несвесниот ум, во исто време се случува и во телото. Негативните мисли содржани во умот, а кои се потиснуваат не исчезнуваат туку се сместуваат во клетките и ткивата, односно во внатрешните органи. Кинеската традиционална медицина, но и некои нови методи на лекување, како што е психокибернетиката ја откриваат зависноста меѓу делувањето на негативните и позитивните емоции врз одредени органи во телото. Така, на пример црниот дроб се разјадува доколку личноста подолго време е изложена на бес или гнев, врз бубрезите и бешиката делува стравот или стресот, нервозата врз желудникот, тагата ги разјадува белите дробови, злобата и омразата делуваат врз срцето, гордоста и љубомората врз панкреасот, чувството на вина врз коскената срцевина, незадоволството врз синусите… Затоа човековото здравје е одраз на неговата внатрешна душевна, ментална и емоционална состојба и процесите кои се одвиваат во него. Според законот за привлекување сличното го привлекува сличното, и затоа содржината на нашиот ум автоматски влијае и врз надворешниот свет и ги привлекува истите животни прилики.

Човекот сам го креира својот живот, својата реалност – внатрешна и надворешна и самиот е одговорен за своето здравје. Затоа само тој може да ја промени својата здравствена и секоја друга состојба. Секако дека постојат и бројни надворешни загадувачи кои влијаат врз човековото здравје, но затоа треба да бидеме информирани за светот во кој живееме за да можеме да ги препознаваме ситуациите во кои ќе западнеме, а потоа самите да пронаоѓаме излезни решенија.

Силвана Јованчева