Search for content, post, videos

Танцот на боите


Ако се држите до правилото дека нагласените очи не се комбинираат со силно нашминкани усни и обратно, нема место за паника дека ќе изгледате лошо. Затоа искористете ја можноста за танц со боите.
Вистина е, летото не трпи тешка шминка, но тоа не значи дека воопшто нема да се шминкате. Напротив, пуштете ја фантазијата и поиграјте си со боите правејќи го она што зиме не би ви паднало ни на памет. Дури и козметичките куќи за ова лето одбраа цел спектар бои. Тие нагласуваат дека за оние построгите, дозволени се кафеавите и бронзени тонови, но за оние со послободен и ведар дух задолжителни се весели и разиграни бои.
Хит комбинација: на капаците нанесете најнеобична комбинација бои, на усните интензивно – розов сјај за усни, а на образите портокалово руменило. Ако пак сметате дека силно и нагласено нашминкани очи не се комбинираат со исто така нагласени усни, тогаш предност дајте им на очите. Или пак, измислете несекојдневна “креација” за усните. Нема да згрешите – па лето е!