Search for content, post, videos

Тестенини со пилешки ќофтенца

Подготовка: пилешкото мелено месо ставете го во длабок сад, додајте му го ситно исечканиот лук, зачиналот, црниот пипер, пармезанот и сe убаво измешајте. Обликувајте мали топчиња. Загрејте го маслото во тавата за пржење и пржете ги 10-15 минути на среден оган. Пржените ќофтенца извадете ги на чинија и оставете ги да се изладат. Во тавата во која ги пржевте ќофтенцата додајте го ситно исечканиот спанаќ, потоа ситно исечканиот лук, малку динстајте па додајте ја павлаката, пилешката супа (можете да користите и вино наместо супата ако повеќе ви се допаѓа) и по вкус сол и црн пипер. Динстајте 10тина минути и на крај додајте го изренданиот кашкавал. Оставете да се вари околу 5 минути на тивок оган. Во длабоко тенџере сварете ги тестенините според упатството. Исцедете ги и додајте им го сосот од спанаќ. Убаво измешајте, па сервирајте во чинии, а одозгора наредете ги пилешките ќофтенца. По желба како прелив можете да послужите кисела павлака!
Потребно:
400гр мелено пилешко месо
1 лажица зачинал
1/2 лажичка црн пипер
50гр пармезан
3 чешниња лук
за сосот:
400гр спанаќ
300гр павлака
2 чешниња лук
1 1/5 дл пилешка супа
200гр рендан кашкавал
сол, црн пипер
кесичка тестенини