Search for content, post, videos

Топ 5 непријатели на вашиот маникир

 

Правилната грижа за ноктите може значително да го продолжи и векот на вашиот маникир. Освен ако не сте среќничка која маникир прави секоја недела во салон, обидете се да избегнете некои од следниве виновници кои сигурно привремено ќе го уништат изгледот на вашите нокти.

  1. Сув воздух

Иако состојбата е најлоша во зима, сувите нокти и кожичката околу ноктите можат да бидат проблем во текот на целата година. Ако состојбата на вашите нокти буквално се менува со годишните времиња, проблемот е можеби во влагата (недоволно или можеби преголема влага). Ноктите, како и кожата, се подложени на влијанието на сувиот воздух.

Решение: Лосион за масажа на рацете. Направете си мини масажа дома и одржувајте ги рацете и ноктите хидратизирани, што е најдобар начин рацете и ноктите секогаш да ви изгледаат беспрекорно.

  1. Пречесто миење на рацете

Миењето на рацете е основа на хигиената, но со претераното миење може да ги симнете природните масла и влагата од рацете кои се неопходни за нивно здравје.

Решение: Користете благи средства за миење раце и немојте да штедите на лосионите и кремите за раце.

  1. Сувост поради разредувач

Ако често го менувате лакот, со честа употреба на ацетонот ќе ги исушите ноктите и кожичката околу ноктите. Еднаков ефект на ноктите ќе предизвикате и ако сте изложена на силни средства додека, на пример сте изложена на испарувањата при боење на ѕидовите и дрвените површини.

Решение: при извршувањето на домашните  работи употребувајте ракавици. А за отстранување на лакот одберете отстранувач без ацетон.

  1. Средства за јакнење на ноктите

Тие средства можат да ги направат вашите нокти поцврсти, но и кршливи, бидејќи содржат формалдехин.

Решение: избегнувајте ги што повеќе.

  1. Здравјето на вашата кожа

Псоријазата е болест која прави кожата да стане црвена и да се лупи, а воедно предизвикува и ослабување на ноктите. Околу половина од луѓето страдаат од таа состојба и имаат проблеми и со ноктите кои стануваат потенки, нермани почнуваат да се лупат.

Решение: псоријазата мора да се лекува и да се држи под контрола. Само на тој начин и ќе ги заштите своите нокти.