Search for content, post, videos

Торта со кокос и јагоди

Подготовка:
Најпрво се подготвува кремот од кокос – спојте ги нишестето, шеќерот и пинаколада ликерот, па во нив додајте ги жолчките кои претходно сте ги изнатиле во пенесто. Згрејте го кокосовото млеко (или изматете 1 литар вода и 250 гр. кокосово брашно) и во него додајте ја претходно подготвената смеса. Кога филот ќе биде доволно густ, оставете го да се лади, а површината покријте ја со проѕирна фолија.
Додека се лади кремот, подгответе го тестото: жолчките и шеќерот се матат пенесто. Во нив се додава путерот кој е стопен заедно со чоколадото, па млекото и водата која врие. Кога ќе се добие мазна смеса, се додаваат и останатите состојки, убаво се меша и на крајот се додаваат четирите белки изматени во пенеста смеса. Со хартија обложете ја тавата (24см) и печете на 180 степени. Кога ќе се излади тестото, пресечете го на три дела.
На тивок оган згрејте го пирето од јагоди. Одвојте мал дел и во него изматете ги нишестето со шеќерот и ванилата, па спојте го со остатокот од пирето и додајте го путерот. Во чинија за сервирање ставете го првиот дел од тестото, прелијте го со дел од смесата од млеко и ликерот од пинаколада, па премачкајте го со топлиот фил од јагоди. Ставете го во замрзнувачот за да се стврдне. Додека се лади, изматете 100мл. млеко со шлаг од кесичкка и спојте го со претходно подготвениот крем од кокос. Вака подготвениот фил ставете го преку филот од јагоди. Повторете ја постапката уште два пати.
Растопете чоколадо со малку путер и млеко и премачкајте ја тортата одозгора. Доколку е сезона на јагоди, можете да ја украсите и со некоја јаготка натопена во чоколадо.

Потребно:

За тестото:
4 јајца
200гр. шеќер
70гр. путер
70гр. чоколадо
60мл. млеко
60мл. врела вода
1 лажица арома од ванила
200гр. остро брашно
40гр. какао
2 кесички прашок за пециво
малку сол
4 белки

Прелив за тестото:
150мл. млеко
150мл. крем ликер пинаколада

Фил од јагоди:
700мл. пире од јагоди
70мл. нишесте
100гр шеќер
1 лажица арома од ванила
70гр. путер

Фил од кокос:
500мл. кокосово млеко
100мл. крем ликер пинаколада
4 жолчки
90гр. нишесте
100гр. шеќер
1 кесичка шлаг
100мл. млеко