Search for content, post, videos

Три главни причини зошто мажите ги оставаат добрите жени…

Многу претставнички на понежниот пол честопати остануваат збунети по раскинувањето, бидејќи партнерот “до вчера” бил супер загреан за нив, а потоа одеднаш… крај. Иако раскинувањето често пати може да се предвиди, сепак многу пати тоа се случува и неочекувано.

А ова се трите скриени причини поради кои скоро секогаш се случува…

 

1. Тој чувствува дека е под притисок и дека не е за врска

Дали постојано трчате по него? Дали сакате повеќе љубов, внимание и секс отколку што ви пружа? Дали се чувствувате дека постојано само вие се обидувате да ги “средите” работите во врската?

Доколку се пронаоѓате во некои од овие прашања, тогаш вашата врска е во несклад и можно е тој да се чувствува под притисок. Но важно е да знаете дека не е се ваша вина. Повеќето мажи бегаат од емоционалниот притисок како да е во прашање битка за гол живот (што во нивната глава и е). Тоа влијае врз нивното сфаќање на машкоста и прави да се чувствуваат несигурни, како ништо што прават за вас да не е доволно добро (иако тоа честопати не е вистина).

 

2. Вашата врска изгледа како натпревар

Доколку мажот мора да се бори со жената за “контрола” во врската, тогаш тој смета дека во нејзиниот живот нема простор за мажи. А не е лошо да запомните дека во врските тоа е многу важно.

Ова не значи дека мажот треба да ја контролира целата врска, секоја страна треба да има контрола во одредени сфери, но доколку жената во врската се однесува како да може се сама да направи и тврди дека е подобро доколку тоа го направи сама, на крајот и ќе заврши токму така – сама. Не треба да се чувствувате како да се борите со партнерот за нешто, бидејќи врската ја сочинуваат соиграчи, а не противници. А и нема зошто да ви претставува проблем да му дадете тој да ја отвори теглата која инаку самата би ја отвориле, да ја смени сијалицата, да се фали со своите постигнувања…

 

3. Не чувствува почитување

Никогаш нема да можете да изградите сериозна врска со мажот кој не го почитувате. За да имате стабилен однос мора да чувствувате дека тука сте еден за друг, но и да ги уважувате меѓусебните мислења. Мажот мора да знае дека во својот најслаб момент ќе може да најде поддршка во вас, а не осуда. Бидејќи ако мислите дека е само обичен маж “Балканец”, не сте ни свесна колку жени ги сметаат машките емоции како слабост. Тој треба да знае и да е свесен дека сте способна со него да ги преминете сите пречки, дека нема да го изгуби вашето почитување заради искреноста и дека вие сте му всушност најсилната поддршка која може да ја добие кога работите нема да одат по посакуваниот пат.