Search for content, post, videos

Десет непростливи прекршоци во убавината

Следниве непростливи beauty прекршоци никако не смеете да ги направите доколку сакате да бидете негувана и убава дама. Всушност, следниве пропусти не смее да си ги дозволи ниту една современа жена. Затоа, добро запомнете…

1. Неуредни нокти

Без оглед дали станува збор за изгрицкани нокти или за нечисти нокти или пак со подизлупен лак на нив, никако не смеете да си го дозволите тоа. Во секојдневната комуникација рацете паѓаат во прв план и лесно се забележуваат недостатоците. Убавите и уредни нокти откриваат средена и уредна личност.

2. Нечиста и запуштена коса

Ниту една жена не смее да си дозволи нечиста и запуштена коса. Тоа е нешто што ја убива женственоста и ја расипува сликата за вас. Не мора секогаш да се фенирате на фризер. Постојат многу фризури кои можете самата да си ги направите. Но најважно е косата да биде чиста.

3. Неуредни веѓи

Уредно обликувани и искубани веѓи се нешто што е исклучително забележливо на лицето. Неуредните веѓи го расипуваат впечатокот за вашата убавина и затоа тоа никако не смеете да си го дозволите.

4. Впечатливи дамки на облеката

Впечатливите дамки на облеката претставуваат уште една непростлива грешка на убавината, а секако ниту една жена нема да си дозволи да се појави некаде така нечиста.

5. Ефект “малтерисано” лице

Кога ја нанесувате пудрата внимавајте да не го постигнете ефектот “малтерисано” лице. Со таков изглед ќе делувате смешно, ќе поттикнете озборувања и дефинитивно ќе ве прогласат за недоволно уредна. Драстичното отстапување на бојата на лицето и онаа на телото е неприфатливо.

6. Големи силиконски усни

Ако сепак сте се одлучиле за естетска хирургија и на тој начин сакате да ги зголемите усните, внимавајте тоа да го направите со мерка. Со претерано големи силиконски усни ќе делувате нескладно и неприродно и така ќе создадете бариера меѓу луѓето кои ве набљудуваат и сите ваши позитивности, кои на прв поглед нема да дојдат до израз.

7. Жолти заби

Жолтите заби се нешто што делува многу неубаво и неуредно кај секој човек, но особено кај жените. Затоа внимателно и соодветно грижете се за своите заби и редовно отстранувајте ги наслагите од нив, а по совет на стоматолог можете да ги избелите или полирате.

8. Кармин на забите

Тоа ѝ се случува на секоја жена, барем понекогаш, и делува многу лошо. Затоа од време на време погледнувајте се во огледало и бришете го карминот од забите.

9. Остатоци од стара шминка на лицето

Доколку редовно и правилно ја одржувате личната хигиена, никогаш нема да дозволите на лицето да ви останат траги од вчерашната шминка (размачкан туш, римел, пудра…).

10. Впечатливи влакненца на нозете и под пазувите

Впечатливите влакна на нозете и под пазувите е нешто што би требало да им припаѓа само на мажите (или барем на оние мажи кои не практикуваат да ги отстрануваат). Но една дама никако не смее да си дозволи впечатливи влакна на нозете и под пазувите.