Search for content, post, videos

Создава чуда за убавината: 5 помалку познати употреби на маслиновото масло

Ако сте го гледале филмот Мојата голема мрсна православна свадба, тогаш сигурно се сеќавате и дека еден од главните ликови користеше средство за чистење за речиси сè: од лекување мозолчиња до осип. Слично на тоа, можете да го користите и ладно цеденото маслиново масло.

А ова се 5 најдобри начини на кои можете да го користите маслиново масло во полза на разубавувањето…

  • Нанесете маслиново масло на косата која претходно сте ја навлажниле и сте нанеле шампон. Потоа косата завиткајте ја во крпа и оставете да стои 20 минути. По овој третман косата ќе стане значително помазна и посјајна.
  • За да ја омекнете кожата, во купката додајте неколку капки ладно цедено маслиново масло. Во исто време подгответе си и одличен пилинг за кожата: измешајте неколку капки маслиново масло со неколку лажици шеќер и сол. Смесата треба да биде како паста.
  • Пред спиење втријте маслиново масло на сувите и испукани стапала и потоа облечете памучни чорапи. Овој третман ќе ви помогне да ја омекнете кожата на стапалата. Воедно маслото можете да го употребите и кога си правите маникир: за да ги зајакнете кршливите нокти, пред секој третман потопувајте ги во маслото неколку минути. А доколку, пак, имате проблем со пожолтени нокти, во маслиновото масло додајте и свеж сок од лимон и истријте ги со добиената смеса.
  • Навечер, пред да ја извадите шминката, со врвовите на прстите нанесете неколку капки маслиново масло врз неа, и едноставно избришете ја со памукче. Ова е еден од најздравите и најефективните отстранувачи на шминка. А во деновите кога кожата ви е екстремно сува, маслиновото масло можете да го користите и како ноќен крем – маслото е богато со витамин Е и антиоксиданси. Наутро, пак, ако станете со подуени очи, едноставно намачкајте ги со неколку капки маслиново масло и надуеноста набрзо ќе ја снема.
  • Кога излегувате надвор на студено време, намачкајте ги усните со маслиново масло. А ако веќе ви се испукани подгответе ја оваа смеса: измешајте малку шеќер и маслиново масло така што ќе добиете паста. Оваа паста нанесете ја на чиста четкичка и со неа нежно истријте ја устата. Ова е идеален пилинг за испукани усни.